Интензивен тренинг за согорување калории

Метаболичките фитнес вежби се брзи вежби со висок интензитет, кои траат многу кратко, но го предизвикуваат вашиот кардиоваскуларен капацитет, со што го ставаат вашиот метаболизам во “5та брзина”, се со цел да на брз начин ги согорат калориите.
Мајк Стехл основачот на “Тренинг соба онлајн” (“Traingn room online”) во Њу Џерси, препорачува еден мини интензивен тренинг со кои вашата физичка спремност ќе ја доведе на повисоко ниво.
Тој предлага осум серии од по две вежби, кои мора да ги направите во рок од четири минути.
Инструкции:
– Ја вежбате 20 секунди првата вежба, со пауза од 10 секунди;
– Продолжувате со втората вежба која ја правите за 20 секунди, а потоа повторно пауза од 10 секунди;
– Ги менувате вежбите по секоја пауза;
– Направете по 8 серијии од вежбите
Вежби:
1. Сквотови со Kettlebell или сквотови со скокање – Сквотови во комбинација со скок (со или без тежина, во зависност од вашата физичката кондиција);
2. Plyo склекови – склекови (со или без скок, во зависност од вашата физичката кондиција).