ИНТЕРВЈУ СО МЕЛИСА ДИТВИЛЕР – АМЕРИКАНСКИ ФИТНЕС МОДЕЛ

Родена на 12.11.1977 во Хума – Луизијана а денес живее во Њу Орленс е американски фитненс модел, веб мастер и бодобилдерка.
Тренира веке 10 години. Висока 165 цм и тешка 58 килограми има освоено неколку титули од кои :
*2004 NPC John Sherman Classic-Houston, Texas – прво место
*2005 NPC Southern Classic-Jackson- второ место
*2005 Jr. Nationals-Chicago, IL- второ место
* 2005 NPC Louisiana State Championship – прво место
* 2005 NPC USA Championship – 10то место
* 2006 NPC Jr. Nationals – 3то место
* 2006 NPC USA Championship – 7мо место
* 2007 NPC Team Universe Bodybuilding – New York – прво место
Како се започна со вежбање и бодибилдинг?
Со тегови почнав да тренирам уште во 5то или 6то одделение.
Ми требаше нешто со што ќе се занимавам по часовите во училиштето и во текот на летните одмори.
Мислам дека сето тоа започна во тоа време!
Како изгледаше твојот прв настап и дали имаше интересно искуство?
Во секој случај, тоа беше многу забавно! Во средината на шоуто, потполно ја заборавивсвојата кореографија на позирање бидејќи всушност и недоволно добаро ја имав научено.
Поминав многу време вежбајќи како да позирам, а несоодветната рутина применив…
Добрата работа е тоа што јас немам трема и импровизирав, така што никој освен мене и не сфати дека ја зезнав работата.
Кои ти се плановите за во иднина?
Сакам да одам далеку како што можам се разбира, во рамките на моите можности, па ќе видиме колку далеку ќе стигнам!
Каде се гледаш себеси за 10 години?
Навистина немам одговор на тоа прашање! Ќе видам каде што животот ќе ме однесе!
Кажини нешто посебно за себе што твоите фанови не го знаат?
Навистина сакам животни и чкртам со забите во сон!
Што друго ќе ни кажеш?
Сакам да се заблагодарам на мојот сопруг Дени што ме поттикнува и ми помага да одржам високо ниво на мотивација.