И најпознатите убавици сепак се само жени !

Нивните лица се на насловните страници на списанијата, на билбордите, па дури и на телевизија, тие изгледаат совршено токму онака како неисполнет сон на многу жени.
Но, дали некогаш сте се запрашале како таква прекрасна жена изгледа кога, на пример кога е неспиена, кога има мозолчиња или без шминка-кога нема пудра за да ги прикрие сите недостатоци?
Докажуваат дека сите ние сме од крв и месо, како и дека сите ние имаме добри денови исполнети со одлично расположение и убав изглед, како и денови кога е најдобро да не излегуваме од дома.
Нашата цел не е да ги оцрниме познатите дами како Бијонсе, Анџолина Џоли, Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Памела Андерсон и други, туку да ги мотивираме останатите дами дека и најпознатите дами ги имаат истите проблеми во врска со изгледот, само што се издвојуваат од толпата по тоа што во сите овие ситуацијата брзо научиле да ги надминат и да изгледаат убаво повторно.