Кажете им збогум на испуканите врвови од косата

Секој пат кога косата ќе ви порасне малку и отидете на фризер за потстрижување, тој или таа ќе ви ги скратат испуканите врвови, но тие повторно штом косата ви порасне ќе испукаат па сонот за долга коса ви изгледа како невозможна мисија.
Ова е случај на голем број на жени и девојки кои сакаат да пуштат коса, но не можат тоа да го направат поради постојаното пукање на врвовите.
Добрата вест е што постојат начини како ова да го санирате, но мора да бидете внимателни, педантни и упорни кога е во прашање грижата за вашата коса.
Постојат работи кои не треба даги правите, како и фактот дека ако ги применувате, ќе направат чуда со вашата коса.
Прво скратете ја косата а потоа еден месец правете го ова:
– Не користите фигаро или пегла за косата повеќе од еднаш неделно;
– Не спијте со собрана коса;
– Не вртете ги прамените окулу прсти во текот на денот;
– Не користете чешел или четка што ви ја прекршува косата;
– Не чешлајте ја косата додека ви е мокра,
– Не тријте ја косата со крпа по миење.
Овие се релативно евтини производи кои многу ќе ви помогнат окулу нега на косата:
– Кокосово масло;
– Маската на мед и маслиново масло;
– Маска од авокадо, јајца и маслиново масло.