Казеин протеин

Казеин протеинот е главниот протеин кои се наоѓа во млекото, многу бавно е разградлива белковина која игра голема улога во превенција на мускулите.
Казеин протеинот има способност да ги ослободи амино киселините, кои во суштина предизвикуваат постојан проток на истите во крвта.
Оваа состојба може да трае до 7 часа по конзумирањето.
Постојат три типа на казеин протеин:
1. Калциум казеинат
2. Мицеларен казеин
3. Млечен протеин изолат
Најлош квалитет од трите видови има калциум казеинатот и најчесто е прехранбена состојка. Мицеларен казеин и млечниот протеин изолат се идентични.
Додека Мицеларниот казеин е 100% казеин, изолат протеинот од млеко има веј протеин (сурутка).
Казеин протеинот е всушност природна форма на казеин од млеко.
Содржи 80% од вкупната количина на протеини кои се наоѓаат во млекото. Процесот на издвојување од млекото се нарекува ултрафилтрација.
Процесот се одвива без користење на хемикалии и ја зголемува количината на биоактивни млечни пептиди кои се поддршка на имунолошкиот систем за подобрување на мускулниот раст.
Казеин протеинот има способност во цревата да се формира во вид на топчиња или гел, кој го вршат континуираното ослободување на амино киселините во крвта.
Оваа функција го прави протеинот казеин оптимален избор како долготраен антикатаболички протеин.
Кои се карактеристиките на протеинот казеин и кои научни студии обезбедат докази за тоа?
Казеин протеинот овозможува супериорен раст на мускулите и е оптимален за обновување, големина и добивање на сила.
Тоа е особено важно после интензивен тренинг, кога на вашите мускули е најпотребен.
Протеинот казеин полека влегува во крвта, што значи дека има многу мал ефект врз синтезата на протеините.
Меѓутоа, има моќен ефект во спречување на разградувањето на протеините, што го прави важен протеин за раст и развој на мускулите.
Истражувања покажаа дека казеин протеинот има можност за одржување на амино киселините и до 7 часа. Исто така се покажа многу силен антикатаболички ефект.
Тековните податоци од ден на ден покажуваат колку голема важност има казеин протеинот во обичните вежби и вежбите со тегови.
Кој има предност за користење на овој протеин и како се дозира? Дали има несакани ефекти или симптоми на дефект?
Секој бодибилдер или спортист кој е во потрага по врвен но бавно разградлив извор на протеини ќе имаат корист од казеин како извор на протеини.
Обавезно следете ги инструкциите, обично 2 порции на ден, посебно во вечерните часови.
Причината за земање на казеин протеин во вечерните часови е бидејќи ноќта е најдолг период кога телото е без било какви извори на протеини и други хранливи материи, а со тоа кажуваме дека казеин протеинот има антикатаболички ефект во текот на ноќта.
Исто така протеинот казеин е корисно да се земе во текот на денот, кога знаете дека подолг период нема да внесувате храна.
Нема несакани ефекти во употребата на овој протеин, освен алергии на истиот.
Сигурно не сакате да се предозирате, бидејќи вашето тело треба да внесува околу 30 грама протеини во моментов, што значи дека секој вишок се отфрла, а со тоа и ги фрлате вашите пари.
Ако поради некоја причина не се одлучите да консумирате казеин во вид на суплемент, ваша идеална вечера е свежо / посно сирење во комбинација со ореви, ленено или маслиново масло.