Како да го oдржите млад и убав вашиот врат?

Сте го виделе во многу жени, мислите дека нема да ви се случи и вам. Меѓутоа, ако не бидете внимателни, вашиот врат ќе почнете да изгледа остарено многу подолго време пред вашето лице.
Сепак, постојат начини да се спречи предвременото стареење на вратот без учество на хирурзи.
Премногу жени трошат време мачкајќи го со кремови лицето додека целосно го запоставуваат вратот – се додека не биде предоцна.
Сепак вашиот врат не мора да изгледа старо кога ќе наполните триесет години, ако на време преземете мерки на претпазливост и му посветите доволно внимание.
Вашиот врат може да изгледа нежно и свежо и во подоцнежните години.
Еве неколку едноставни трикови со кои ќе ја носите косата врзана во коњска опашка секој ден и гордо ќе си го истакнете вашиот врат:
Гледајте телевизија исправени
Следниот пат кога ќе гледате телевизија, било да е тоа во дневната соба или спална соба, обрнете внимание на држењето на телото.
Дали ви се случува да ја спуштите брадата кон градите и така да седите со часови?
Ако ова е поза во која постојано седите и ако тоа веќе ви стана навика, вашиот вратот ќе добие линии таму каде се поклопува кожата, и можно е кожата на тие места додатно да ви се опушти.
Дајте се од себе да ја подигнете вашата брада во секој миг. Ако имате некоја шокантна слики на која имате подбрада многу е веројатно дека тој настанува бидејќи ја спуштате брадата.
Држете се исправени и тоа ќе спречи предвремено настанување на брчки. Затоа, обрнете внимание на начинот на кој седите!
Третирајте го вашиот врат како исто како и вашето лице
Ако лицето го мачкате со креми секое утро и секоја вечер, а не и вратот ќе имате нежно и меко лице а стар врат.
Ако некогаш сте виделе жена која така изгледа, тогаш треба да знаете дека тоа не е убаво.
Од сега па натаму, сè што ќе правите на лицето, правете го истото и со вратот. Ако ставате маска на лицето, ставете и на вратот.
Ако правите пилинг на лицето еднаш неделно, правете и на вратот.
Вежбајте
Со цел да се избегне вкочанетост и повреди на вратот, не треба да правите само вежби и истегнување на вратот, туку и на целото тело.
Ова не е шега. Вежбање на целото тело ќе го направи вратот поубав.
Во вежбањето со сила учествува и вратот, а со тоа на него ќе се развијат мускули и ќе ја зголемат неговата мобилност.
А во тие денови кога не одите во теретана, не заборавајте да го истегнете вратот навалувајќи го кон едното па кон другото рамо, а потоа и кон грбот и кон градите.
Секоја позиција задржете ја 30 секунди.
Одржувајте си ја линијата
Не треба да се биде многу паметен, за да знаете дека ако се здебелите дел од салото ќе дојде до вратот. Вишок сало е особено непривлечно на вратот.
Вежбајте и јадете здраво и тоа ќе ви помогне да не добивате подбрадок и дебел врат.
Масирајте го вашиот врат
Ако можете да си го дозволите тоа, одете на масажа на секои три месеци и обавезно побарајте и масажана вратот.
To нема да ве чини повеќе, и сигурно ќе уживате.
Ако не може да си дозволите масажа, направете го тоа сами.
Масирајте го вратот горе – долу. Тоа ќе го стимулира протокот на крв во вратот и ќе донесе повеќе крв на површината.
Спијте со исправен врат
Ако спиете со повеќе перници, време е да престанете да го правите тоа затоа што веројатно ќе спиете со искривен врат.
Со спиење на ниска перница, вратот има повеќе можности да остане исправен во текот на ноќта.
Ако го превиткате вратот кон градите додека спиете, вратот веројатно порано ќе ви се набори, отколку ако спиете на ниска перница или без перница, ќе ја избегнете потребата да го гурате вратот кон градите.