Како да направите протеински шејк?

Сите знаеме дека протеинските шејкови по напорниот тренинг помагаат за да се изградат мускулите.
Но, ако на овој протеински шејк додадете неколку додатоци за исхрана, ќе ги добиете сите потребни хранливи материи за побрз раст на мускулите, закрепнувањето ќе биде побрзо и ќе бидете подготвени за наредниот тренинг.
Ако сакате да направите совршен шеик кој ќе ви обезбеди резултати потребни ви се следниве состојки:
Протеин од сурутка е идеален избор за вашиот шејк. Овој протеин брзо се вари а мускулите лесено го користат.
При избор бирајте најмалку 80% протеини а од кој производител ќе купите, тоа е ваш избор.
2. Waxy Maize
Со овој едноставен и лесно варлив јаглехидрат вашето тело ќе ги добиете сите хранливи материи кои му се потребни.
3. Kреатин
Креатинот со себе носи голем број на позитивни фитнес придобивки што значително ја зголемуваат мускулната маса и сила.
Некои производители бараат дозата да се пие пред тренинг, па затоа во шејкот ставете само половина од дозата, а остатокот консумирајте го со вода 20-30 минути пред тренинг.
4. БЦАА
Разложениот синџир БЦАА амино киселини се специјални блокови на протеини кои ја поддржуваат изградбата на мускулите и зголемување на нивната издржливост.
Пробајте го во сооднос од 45% леуцин, изолеуцин 25% и 30% валин.
5. Глутамин
Глутаминот е најзаситената аминокиселина на телото која исто така најбрзо испарува од телото.
Со дополнителни дози кои ќе му ги обезбедите на вашето тело побрз раст на мускулите во исто време ќе се зголеми и зајакне вашиот имунолошки систем.
Колку ви е потребно?
За мажи со тежина меѓу 80 и 95 килограми е потребно:
Протеин во прав – од 30 до 40 грама;
Waxy Maize – 60 до 80 грама;
Креатин – 5 до 10 грама;
БЦАА – 6 или повеќе грама;
Глутамин – 8 или повеќе грама;
Mешање на состојките
Промешајте во чаша за шејк со блендер, околу 400 мл вода или млеко.
Течноста може да ја консумирате по тренинг, можете половина во средината на тренингот а другиот дел по завршувањето на тренингот.
Што е најдобар начин за конзумирање шејкот кој ќе ви донесе резултати самите ќе дознаете, бидејќи сепак вашето тело е во прашање. Секој организам е индивидуален, ваше е да истражувате.
Напомена:
Протеинскиот шејк е само додаток во исхраната. Не занемарувајте ги потребните дневни оброци мислејќи дека шејкот ќе ги надомести сите извори на хранливи материи!