Како да се намалат масните наслаги на само едно место?

Проблемот со кој сите луѓе со прекумерна тежина се среќаваат е тој дека на одредени места на телото им се таложат голем број масни наслаги, па најдобро решение е да тој дел на некој начин “да се погоди” и да ги стопи само од тој дел масните наслаги.
Токму ова прашање е во фокусот на бројни рекламни кампањи, во кои со цел глас се фалат на некои “револуционерни” средства, со чија помош е можно брзо да се стопат само салото околу половината, да се намали обемот на бутките, надлактиците и слично.
Меѓутоа, дали сево ова е теоретски изводливо?
За жал, се работи за чиста лага која на исклучително безобразен начин создава погрешна перцепција кај луѓето за борба со дебелината.
Значи не само што ги инвестираат своите пари во нешто што не може да им помогне, трошат и многу време и воља за на крајот повеќето од нив да се разочараат и продолжат да живеат неуреден живот, со голем број вишок килограми кои секојдневно им го деградираат здравјето и квалитетот на животот.
Ако воопшто е можно да се согоруваат масните наслаги во некој одреден дел од телото, тогаш веќе на премногу лесен начин секој може да биде во позиција да изгледа како модел, што во реалноста е многу потешко изводливо.
Освен операција која може да го направи само она што на ТВ го прави еден обичен појас кој се става околу половината или слични уреди кои му прават повеќе штета отколку добро на телото, друг начин за топење на масните наслаги нема.
Како да се истопат масните наслаги?
Процентот на масти во телото, се зголемува и намалува на општо ниво, односно еднаква во целото тело.
Единствената разлика е во тоа што во некои делови од телото тие масти се понаталожени, но во принцип нивното потекло е еднолично- кога слабее целото тело се намалуваат и овие масни наслги.
Како телото ги складите мастите како одредена форма на резерви, така тие први и почнуваат да се намалуваат кога луѓето на диета од ден во ден внесуваат помал број калории од она што во тек на денот се потребни за да се одржи сегашната тежина.
Така, калорискиот дефицит е единствениот сигурен начин за намалување на масти во телото, па дури и самото вежбање и физичка активност остануваат на второ место по важност, затоа што е можно да се седи дома и да се слабее ако добро се реши проблемот со исхраната.
Физичката активност е само фантастичен начин да се олесни “мачењето” со диетата, бидејќи уз добар тренинг се согоруваат одреден дел на калориите.
Покрај тоа се затегнуваат мускулите, што е основен предуслов за добар изглед на телото.