Како да се решите од млитавите надлактици?

Ако сте со прекумерна тежина, многу веројатно е дека ќе имате млитави раце.
Покрај тоа, голем број на жени и немаат проблем со вишокот на тежина сепак ќе се пожалат на млитавата долната страна на надлактицата која незгодно вибрира при движење на рацете.
Како да се решите од овој кошмар? За почеток делувајте на целото тело и обидете се да се доведете во форма.
Започнете со диета веднаш и јадате помалку калории отколку што согорувате.
Многу е веројатно дека на почетокот на диетата да дадете ефект на некои други места, додека рацете и понатаму останат млитави, но не се откажувај те.
И рацете ќе дојдат на ред.
Сепак, без оглед на тоа дали сте со прекумерна тежина или не, вежбајте ги трицепсите (ова е името на мускулот кој се наоѓа на долната страна од рацете и на многу жени им се тресе во движење) три пати неделно, решете го проблемот со млитавите раце.
Ова е постапката за вежба наречена “Седечка еднорачна трицепс екстензија со тегови”:
1. Седнете на стол со стапалата рамно на подот, во ширина на рамената.
2. Држете го тегот во левата рака и подигнеја вашата лева рака до крај, така како да покажувате кон таванот со дланката свртена навнатре.
3. Полека свиткајте ја левата рака, така што тегот во раката да падне зад левото рамо.
По 3 секунди повторно исправете ја раката како да покажувате кон таванот. Држете ја оваа позиција 1 секунда.
4. По 3 секунди повторно спуштете го тегот зад рамото со виткање на рацете во лактот.
Цело време додека ја изведувате на вежбата придржувајте ја левата рака со десна рака.
5. Повторете ја оваа вежба со една рака од 8 до 15 пати, а потоа со другата рака.
6. Три до четири серии на вакви вежби со секоја рака се доволни за еден тренинг.
Бројот на повторувања зависи од вашата сила. Започнете со 8 повторувања, а потоа полека напредувајте до 15.
Вие ќе бидете изненадени од брзината на напредокот. Ако можете да направите 20 повторувања е одлично!
Со време покачете ја тежината. Идејата е да вежбате додека не го заморите трицепсот.
Ефектите не ќе се покажат веднаш, но во зависност од тоа колку вашите раце се млитави, резултатите треба да излезат на виделина.
Жените кои екстремно слабеат може да страдаат од екстремна млитавост на долната страна од надлактицата. Кај таквите луѓе оваа вежба нема да помогне.
Ако повторувањето на оваа вежба ви е здодевно, можете да ја комбинирате со склекови, пропаѓање со користење на столче или аеробик.
Аеробикот е одличен за зајакнување на телото и елиминирање на вишокот килограми и одличен ќе биде и за вашите надлактици.
И во случај да одите на аеробик, за елиминирање на млитавите надлактици се препорача воведувањето на вежби што е опишани погоре, пред и по часовите на аеробик.