Како да се стане и да се остане фит?

Околу диеталната и здрава се води силен маркетинг. Пред здравје, тоа е голем и профитабилен бизнис.
Реално, на ниту еден од производителите губењето на тежината не е во интерес ниту глобалното дебелеење – но дебелите луѓе и понатаму ги користат нивните производи.
Како да ослабите и да останете виток, а да не користите дополнителни средства за слабеење?
Лесно. Со чиста математичка равенка. Ако внесете повеќе енергија отколку што ќе потрошите – се дебелеете, но ако потрошите повеќе енергија отколку што внесувате преку храна, телото ќе посегне кон масните наслаги и ќе слабеете.
Значи, сите ние можеме да изгубиме на тежина ако се намали внесот на храна и зголеми движењето.
Покрај тоа, добро е да се има предвид неколку важни работи. Некој има брз а некој бавен метаболизам.
Добрата страна на тоа е фактот дека бавниот метаболизам може да се забрза.
Метаболизмот се забрзува со мала, но почести оброци – само доволно за да се поттикне варењето на храната а организмот да има впечаток дека храната е постојано достапна и лесно ќе почне да се ослободува од залихите.
Без разлика на она што го читаме или слушаме во корист на мастите – не заборавајте дека вие всушност се обидувате да ги исфрлите вишокот на масти од вашето тело!
Зошто би истовремено таа иста маст да ја консумираме во телото?
Вежбајте !
Започнете со пешачење, ако сте во лоша кондиција. Продолжете со возење велосипед, започнете постепено.
Не одеднаш, бидејќи може да добиете воспаление на мускулите и да изгубите волја за вежбање.
Кога ќе набиете кондиција со возење велосипед, запишете се на фитнес и аеробик или преземање програма за вежбање од интернет и применувајте ја.
Пазете се од скриени грицки – ако купувате храна со низок процент на масти, бидете внимателни.
Производителите често не ги пишуваат мастите на производот, но храната на овој начин губи на својот квалитет на вкус, многу производители надоместуваат за вкусот на храната, така што додаваат шеќер.
Во исто време, потенцијална опасност лежи во солта. Солта како последица го има задржувањето на водата, па ако консумирате многу сол, од натеченост ќе се решите само кога внесот на сол го сведете на нормала.