Како да ја зголемите телесната тежина?

Голем број жени се борат со вишокот килограми и се постојано во потрага за ефективна диета која ќе им помогне да изгубат тежина.
Но има и такви жени на кои им треба помош во процесот на зголемување на телесната тежина.
Ако спаѓате во вторава група, тогаш вие најверојатно сте навикнати луѓето чудно да ве гледаат кога ќе речете дека сакате да ја зголемите тежината а никако не можете.
Ниска телесна тежина може да предизвика исто толку здравствени проблеми како прекумерна тежина.
Постојат два начини за зголемување на телесната тежина, преку масните наслаги или преку мускулна маса.
ШТО ДА ВЕЖБАТЕ?
Ако веќе започнувате со фитнес за да ја зголемите телесната маса, тогаш немојте да ги правите истите вежби кои ги прават жените во процесот на симнување на килажата, бидејќи вам не ви е потребна лента за трчање.
Вие не треба да практикувате кардио вежби, аеробик или трчање, бидејќи тие вежби се наменети за губење на тежината.
Вие започнете со вежби со тегови. Вежбање со мали тегови, кои се повторуваат подолго време повеќе се користат за затегнување на мускулите.
Вам ви е потребно да ја зголемувате тежината додека вежбате и немојте една вежба многу пати да ја повторувате.
Ограничете се на 4 до 8 повторувања во серија а самите серии не ги повторувајте повеќе од 8 до 10 пати.
ШТО ДА ЈАДЕТЕ?
Конзумирање на брза и масна храна не е здрав начин за зголемување на телесната тежина.
За да го сочувате вашето здравје а при тоа контролирано да се дебелеете, подлога за тоа треба да ви биде здравата храна.
Вашето мени треба да содржи здрави масти, како омега-3 киселини кои се наоѓаат во туната и лососот.
Ви требаат добри протеини кои се присутни во телешкото месо, рибата, морските плодови и јаглехидрати чии најбогат извори се наоѓа во житните зрна.
Обидете се да внесувате 500 до 700 калории повеќе од порано.
Така контролирано ќе се дебелеете. Најздраво дебелеење е качување на еден килограм неделно.