Како да ја намалите телесната тежина без гладување?

Вие најверојатно зрачите со енергија, здрави сте и изгледате одлично и затоа не ви се потребни никакви екстремни диететски режими.
Но, со цел да не дојдете во некоја страшна позиција ќе треба да почнете правилно да се храните, редовно да вежбате и да внимавате што јадете и кога јадете.
1. Јадете повеќе
Да, добро прочитавте. Истражувачите од “Државниот универзитет од Пенсилванија” открија дека поголеми оброци му помагаат на организмот, така што вие подолго време се чувствувате сити.
Но клучот за ова е да јадете здрава исхрана: полна чинија зелена салата е прифатливо, а не чипсови.
2. Сецкај те ја храната
Истражувањата од Универзитетот во Аризона, тврдат дека луѓето кои ја сецкаат нивната храна во мали парчиња, јадат помалку од оние кои не ја сецкаат храната и се чувствуваат подеднакво сити.
Следниот пат, погрижете се храната да ја исецкате на парчиња, така што парчињата што ќе ги исецкате да бидат со големина на залак.
3. Размислете што јадете
Фокусирајте се на оброкот кога јадете нездрава храна, бидејќи тоа ќе ви помогне да јадете помалку.
Наместо да гледате телевизија додека јадете, седнете и размислувајте за она што го јадете.
Вие брзо ќе се почувствувате сити и повеќе ќе уживате во оброкот.
4. Не прескокнувајте оброци
Веќе сте слушнале многу пати дека прескокнување оброци не е корисно а новите истражувања покажуваат дека тоа може да биде фатално за вас.
Резултатите покажале дека со нередовна исхрана се внесуваат 20% повеќе калории.
5. Не гледајте брза храна
Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија покажа дека фотографии на брза храна, како слики на хамбургери и пица, ве тераат да ја посакате и сакате таа храна.
Не гледајте ги рекламите за брза храна и телото ќе ви биде многу благодарно за тоа.