Како да ја осветлите косата без бојадисување?

Ако сакате да направите мала промена и да ја осветлите косата за неколку нијанси, но не сакате да ја горите или да трошите пари на скапи фарби, можете да пробате да ја осветлите на сосема природен начин.
Осветлувањето на косата за две до три нијанси може да го освежи вашиот изглед, а состојките потребни за да го постигнете овој ефект ќе ги најдете во вашата кујна.
Мед
Mедот е совршна состојка за осветлување на косата бидејќи содржи сосема мало кoличество на хидроген пероксид и истовремено ја навлажннува косата.
Но медот е и многу леплив, и тешко се одлепува од косата, па можете да го растворите со малку вода или оцет за полесно да го нанесете на косата, и полесно да го исплакнете.
Мешавина од мед и вода или оцет нанесете ја рамномерно на целата коса, а потоа покријте ја со капа за туширање или со најлонска кеса и оставете ја да делува во текот на ноќта. Наутро измијте ја косата на вообичаен начин.
Камилица
Освен одличен пијалак, камилицата е и сојузник за женската убавина. Направете што посилен чај и од камилица и оставете го да се излади.
Чајот нанесете го на целата коса или само на некои прамени, и оставете ја косата природно да се исуши на сонце.
Камилицата ќе ви ја осветли косата за неколку нијанси, и истовремено ја негува.
Лимон
Овој цитрус е еден од најпопуларните начини за осветлување на косата.
Лимоновиот сок преполн со цитрусна киселина која може природно да ја осветли вашата коса.
Измешајте 1/4 шолја топла вода со една шолја лимон, и ставете ја мешавината во шише со распрскувач.
Со оглед на тоа дека лимонот го суши влакното, доколку имате сува коса можете да додадете малку регенератор или масло за коса.
Испрскајте ја косата и оставете ја да одстои. За да добиете уште подобар ефект седете на сонце.
Цимет
Овој миризлив зачин е идеален за осветлување на темната коса, бидејќи ќе и даде топла, посветла нијанса без портокалов отсјај.
Измијте ја косата со шампон, а потоа ставете и повеќе регенератор и исплакнете. На влажна коса нанесете мешавина од цимет во прав и млака вода.
Мешавината добро втријте ја во косата од коренот до врвовите и покријте ја со капа за туширање или кеса.
Оставете ја мешавина да одстои колку сакате, што подолго тоа подобро. Циметот е еден од најбезбедните состојки за осветлување на косата, па оваа постапка можете да ја повторите колку пати сакате.