КАКО МОЖЕМЕ ДА СЕ “ДРОГИРАМЕ“ СО СЕКС?

Многу луѓе земаат разни врсти на дрога и други стимулативни средства за да се чувствуваат подобро, но супстанците кои не “ подигаат “ веќе се наоѓаат во нашето тело и само чекаат да ги активираме.
Еден од начините за тоа е оргазмот, каде за време на неговиот тек се менуваат.
Многу функции на мозокот и телото. Има многу хемикалии во телотокои влијаат на умот и телото во текот и после сексот. Ако се уште не сте запозанени време е да го знаете следното :
Пролактин
Која му е улогата: Ја ублажува сексуалната возбуденост после оргазмот и ги одвраќа мислите од секс.
Неговата количина во телото нагло се зголемува после оргазмот во ретките моменти кога на мажите не им е до секс.
Како се чувствуваме поради тоа : Ако после сексот мислите ви се преокупирани со работи кои не се вразни за секс – за тоа е заслужен пролактинот.
Замислите каков би ни бил животот без него..
Окситоцин
Која е неговата улога: Ja стимулира простатата причинувајки контракции на мускулите и правејќи ги нервите по чуствителни.
Истражувањата покажале дека зголеменото ниво на окситоцин влијае и на интензитетот на оргазмот.
Како се чуствуваме поради него: Познат е и како хормон на милувањето, затоа што создава чувство на поврзаност помеѓу вас и партнерката.
Исто така е регистриран во мајчиното млеко и се смета дека помага во создавањето на врската помеѓу мајката и детето.
Ендорфини
Која им е нивната улога: Ендорфините се група на невропреносници кои ја ублажуваат болката.
Меѓу нив се и биохемикалии како што се ацетилколин и допамин, кои имаат иста хемиска структура како морфиумот.
Ендорфините исто така помагаат за намалување на стресот и подигање на самодовербата.
Како се чуствуваме поради нив: Создаваат чувства како што се еуфоријата и чувство на уживање.
Но имаат и смирувачко дејство – ќе почувствувате благосостојба и опуштеност..
Може да ве направи поспани. Но, нивото на ендорфини во телото не расте само во текот на сексот туку и при спортските активности, при болни повреди и во скоро секоја возбудлива ситуација.
Адреналин
Која e неговата улога : Го активира симпатичкиот дел од нервниот систем, со што се зголемува бројот на отчукувањата на срцето и се прошируваат артеиите, за да во текот на одност крвта побрзо стигнува до мускулите.
Исто така е причина за периодот на закрепнување после кои следниот оргазам е можен дури дваесетина минути после сексот. Оваа хемикалија ја зајакнува циркуалацијата со секоја контракција на срцето.
Како се чувствуваме поради него: Адреналинот ве прави возбудени и ја забрзува работата на срцето.
Фенилетиламин
Која е неговата улога: Го потикнува ослободувањето на допаминот од центрите за пријатност во мозокот а самиот се ослободува во текот на сексот, максимално при оргазмот. Оваа хемикалија е пронајдена и во чоколадото.
Како се чувствуваме поради него: Преплавени смо чувство на среќа и возбуденост.
Тестостерон
Које е неговата улога: Ја зголемува сексуалноста и агресивноста. Важен е за либидото и за сексуалната возбуденост.
Мажите и жените со помало ниво на тестостерон често имаат и помал интерес за секс.
Како се чувствуваме поради него:Накратко – возбудено и сексуално силно.
Ако сте почувствувале зголемување на самодовербата после сексот тоа е поради тестостеронот.
Серотонин
Која е неговата улога: Го регулира расположението и се однесува како антидепресив. Доживувањето на оргазам е уште една порција повеќе на серотонин во мозокот.
Како се чувствуваме поради него: Весело ,среќно ,полни со надеж , исполнето…
Повеќето медицински антидепресиви содржат серотонин чија улога е да не “подигне”. Како што може да се забележи, оргазмите се многу комплексни и право мало чудо е да воопшто се случуваат. Затоа уживајте во нив што е можно повеќе…