Како (не) спиењето влијае на телесната тежина?

Звучи премногу добро да биде вистина дека понекогаш за вашата линија е подобро да одите во кревет, отколку во салата, но тоа навистина ќе запали како опција.
Немојте да се радувате и да помислите дека во овој текст ќе најдете изговор за дождливите утра и ладните вечери кога не ни е мило да скокнеме во патики и да се препотиме на тренинг.
Овде се некои грешки на кои можда и не сте свесни а кои може да се поправат на време а со тоа да му се помогне на вашето тело да биде послушно, кога станува збор за телесната тежина.
Важноста на добриот сон како што се споменуваме во овој текст, дека ова е еден од клучните фактори за здраво тело, тренинг и перформанси односно за да се постигнат максимални резултати.
Ова важи и за нас обичните смртници – оние кои одржуваат одредена тежина, оние кои сакаат да симнат некое килце и за оние на кои имаат куп обврски и бараат концентрација и енергија.
Ајде да погледнеме кои грешки се вообичаени кога станува збор за добар сон и како тој влијаат на телесната тежина.
Не може да одите на спиење а да не каснете нешто
Малку сладолед со вашата омилена серија во доцните часови? Може ви се чини дека слатко ке заспиете но и најмалото задоволство од овој вид може да се претвори во илјадници калории вишок на крајот на неделата.
Сепак, не треба да одите во крајности и да одите во кревет ако стомакот ви завива – ќе бидете повеќе подложни на искушението во текот на ноќта или следниот ден – така да грицкајте мудро и на време!
Кога ќе се случи кризата, испијте една чаша вода, грицнете нкој бадем и се најдете хоби.
Наместо да одите на тренинг, немилосрдно притискајте ја опцијата за одложагање – популарнто snooze
Ако утрото е едниствено време што ви одговара да вежбате, вие не ќе можете да ја фиксирате таа навика ако по неколку пати секое утро го мачите своето тело со одложување на будењето.
Ако се фатите себеси загледани бесмислено во ТВ или социјалните мрежи во ситните часови, го елиминирате сето она што ви го одвлекува вниманието од спиењето, легнете си на време, заспивајте со позитивни мисли и планови и бидете желни за утринската сесија на квалитетно потење.
Доволно долг и квалитетен сон не ви е високо на листата на приоритети
Ова е простено на адолесценти за време на студентскиот живот, кога младите имаат мистериозни способности со денови да не спијат, се журкаат, полагаат испити, се гледаат со момчето / девојката и се извлекуваат со само малку посилни подочници под очите.
Сепак, со текот на годините, добриот сон треба да биде на листата на приоритети на здрави навики.
Истражувањата покажаа дека на оние кои се лишени од доволно спиење, јадат неколку стотици калории повеќе, не само затоа што се повеќе време будни, туку спиењето влијае на регулирање на нивото на хормоните кои се одговорни за чувството на глад.
Ако постојано размислувате “Ќе спијам за време на викендот” или се убедувате себеси дека доволно ви е неколку часа спиење, може да го доведете вашето тело да бараат повеќе храна отколку што всушност е потребно.
Сонот не ви е стабилен
Дури и кога ќе легнете во разумно време (до полноќ), може да имате проблем со нестабилен, испрекинат сон.
Ако се будите неколку пати во текот на ноќта, вашето тело е под стрес и поголема е веројатноста дека ќе ги задржи оние масни наслаги на стомакот.
Прилагодете ја поставката за вашите потреби како некои мириси, температура, светло / темно, електронски уреди и исклучете го телевизорот и најмалку 20 минути пред да одите да спиење.
Читајте книга и избегнувај те прејадување и алкохол.
Обидете се да влезете во одреден ритам кој влијае да се чувствувате подготвени за секојдневните предизвици, физичката активност и кој ќе биде во согласност со вашата здрава исхрана.
Вашето тело ќе го цени и не ќе се збунува постојано со промените и контрадикторните инструкции дадени поради некои грешки кои што ви се прикрадуваат.
Организмот ќе ви работи поефикасно, правејќи ја вашата кожата поубава а линија помалку подложна на флуктуации и масти депозити.
Спијте долго и стабилно а денот поминете го активно, опуштено, концентрирани кога ќе треба и секогаш насмеани.