Како црвениот кармин да ви трае цела ноќ?

Иако црвен кармин никогаш не излегува од мода, негово идеално време е зимата, особено новогодишната ноќ, но можете да го користите за свадби, забави или вечерни излегувања.
Секоја девојка барем еднаш треба да се почасти себе си со заводливи црвени усни. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат за црвениот кармин да ви трае подолго.
Се што ви треба е кармин, хартиена марамица и молив за усни.
1. По нанесувањето на карминот (што се случува откако ке ставите молив за усни), го отстранувате вишокот кармин со хартиена марамица.
Нежно бакнете ја марамицата и нежно притиснете ја на усните. Потоа повторно нанесете кармин. На овој начин, вашите усни ке изгледаат еднакви и луксузни.
2. Моливот за усни не е само добар за дефинирање на врвовите на усните, туку е одличен и како подлога.
Со обзир на тоа дека моливите за уста имаат повеќе пигмент од карминот логично е и да трааат подолго.
Токму поради овие карактеристики, треба да знаете моливот за усни правилно да го користите – откако ќе ги порабите усните, со моливот пополнете ја целата површина на усните а дури потоа нанесете кармин.
Само обрнете внимание карминот и моливот да ви бидат иста боја.
3. Прочитајте ги етикетите на производите. Изберете кармин со ознака ” long wearing “.
Тие се најчесто трајни, но се одличен избор бидејќи некои луѓе поради карминот знаат да се откажат од храна и пијалаци.
4. По карминот, нанесете сјај за усни. Така дополнително ќе им додадете сјај и волумен, па усните ќе ви изгледаат совршено.