КАЛИНКА ИЛИ НАР- СЕНАМЕНСКА ОВОШКА!

Многу студии потврдиле дека таа е една од најлековитите овошје во светот, поради корисните ефекти врз кардиоваскуларниот, нервниот и скелетниот систем.
Докажано е дека дневна доза на екстракт од калинка може да помогне во намалување на крвниот притисок и нивото на холестерол.
Научниците веруваат дека го намалува ризикот од срцеви болести кај дебелите пациенти за 17 посто.
Има корист за срцето и крвните садови, состојките на нарот го инхибираат растот на ракот на дојката, простатата, дебелото црево, леукемија и спречуваат промени кои го поттикнуваат растот на туморот.
Калинка е полна со витамин Ц и се смета за одлично сретство против анти-воспалителни процеси и е одличен извор на витамин Б5, калиум, природен фенол, како што се елагитанин и флавоноиди.
Содржи фитохемикалии кои го стимулираат создавањето на серотонинот за подобро расположение и естроген за одржување на коскената маса, а ова откритие е исклучително важно за превенција на остеопороза.
За да се подигне имунитетот и за превенција од здравствени нарушувања, експертите препорачуваат дневна доза од 2,5 децилитари свежо исцеден или квалитетно купен сок од капини.
Истражувањата покажаа дека масло од калинка штити од рак, дијабетес, дебелина и болести на срцето, богато со антиоксиданси што го прави маслото од калинка моќен сојузник против стареењето.
Ја враќа еластичноста на кожата, во исто време се бори против егземи, псоријаза и изгореници од сонце на кожата.
Масните киселини кои ги содржи во намалуваат отокот и болката во мускулите.
Изобилува со фитоестрогени кои ги ублажуваат симптомите на менопаузата, предменопауза, како што се топли бранови, промени во расположението, ноќно потење и недостаток на либидо.
Покрај се горенаведено, сокот од нар односно калинка ја подобрува еректилната функција и го зголемува квалитетот на спермата.
Употребата на калинките во домаќинството е голема, бидејќи може да бидат подготвени како желеа, колачи, сирупи, меласа, сокови, ликери, вино, оцет и чај.
Затоа јадете калинки во секаков вид одлични се за вашето здравје 🙂