Кајакарството како спортска дисциплина

Кајакарењето е спортска дисциплина и подразбира употребата на кајак за движење низ водата.
Се разликува од канукарење од седечка положба на оној што го вози кајакот и бројот на перките на веслото е различно од тоа за кануто.
Кајакот е ниско на водата додека кануто е како брод во кој веслачот седи свртен со лицето нанапред, нозете во предниот дел, користи весло со двојни перки за да весла од напред кон назад, од една страна кон друга во ротација .
КАЈАК
Повеќето кајаци се со затворени палуби, веслачите седат на врвот и надувувачките кајаци се со поголема популарност како и другите.
Се претпоставува дека зборот кајак, најверојатно потекнува од Гренланд (зборот “кајак” на јазикот Ескимо значи “човек-брод”) и се најчести во Северна Америка, Сибир и Гренланд, каде Ескимите ги користеле користат за лов, риболов и транспорт.
Кануто се користи во целиот свет како начин на транспорт за трговија и војување а првиот официјален спортски настан за двата типа на чамци се одржа во средината на 19 век.
КАНУ
Разликата меѓу спортските кајаци и кануа е тоа што секој веслач користи весло со лопатка со двелопатки, додека кај кануата се користи весло со 1 лопатка, исто така нивната разлика се гледа и во структурата на чамецот.
Дисциплината во кајакарството
– Кајак на мирни води (спринтарски трки на 200, 500, 1000 и 5000 метри)
– Маратон (Од 10 до 42 километри, со трчање, совладување копнени препреки или без трчање)
– Слалом (трке на 300 до 600 м со совладување на водени препреки, капија)
– Кајак на диви води (спуст или маратон на патеки од 5 до 10 км на брзи, диви води)
– Поло (игра со топка)
– Драгон боат (долги домородечки чамци со 20 веслачи)
– Едрење.