Кељ – одличен во борбата против ракот

Кељот се издвојува како квалитетна намирница која превентивно делува против ракот.
Органосумпорните компоненти, како што се глукозинолатите, делуваат на различни облици на рак, на пример рак на дојка или јајници, зошто овие фитонутриенти ги неутрализираат потенцијалните канцерогени супстанции.
Во него има 10 до 15 глукозинолати. Каротеноиди со кои кељот изобилува се моќни со антиоксиданси кои ги штитат ќелиите од штетно делување на слободните радикали.
Како филтер го спречуваат штетното влијание на UV зрачењето врз очите, штити од катаракта и макуларна дегенерација. Го подобрува имунитетот.
Кељот е лиснат зеленчук, а познат им бил на Грците и на Римјаните. Во 4 век п.н.е се разликувале три врсти на кељ: див, мазен и со набори.
Можете да го готвите во вода или на пареа, да го поховате, пржите или послужите како топло предјадење со супа или како прилог на главно јадење.
Кељот што денес го познаваме наводно со селекција го создале вредните белгиски градинари уште во 18 век.
Од Белгија најпрво се проширил во Франција , а потоа во Холандија и Германија, а потоа набрзо и во Европа.
Покрај обичниот кељ кој е најпроширен, постојат уште две врсти, со малку поинакви карактеристики. тоа се лисни и безглавни, и прокељ.
Оваа намирница есиромашна со калории: во 100 грама има само 50 kcal/209 kJ, но изобилува со минерали и витамини.
Совршен е зошто е полн со витамин Ц и тоа во суровиот со застапени 120 мг, а варен 41 мг, а добар извор е и на витамин К, Б комплекс и тиамин.
Поиздржлив е од зелката и повеќе поднесува високи температури и суша, баш како и ниски температури и мраз.
Совет
Кога купувате кељ треба да бирате, темнозелени главици со цврсто средишни листови.
Листовите би требало да бидат свежи , без знаци за губење на бојата и влажноста, со дамки и дупчиња.
Ако главиците се лесни тоа значи дека изгубиле доста влага или долго стоеле на полиците.
Не треба да купувате ниту преполовени главици, заштитени со провидна фолија, зошто за брзо време ја губат количината на витамин Ц.