Козјото млеко како додаток во исхраната!

Козјото млеко спаѓа во најздравите намирници особено кога се зборува за млечните.
Неговата хемиска структура е неверојатно слична на мајчиното млеко.
Од памтивек низ целиот свет козјото млеко се употребува не само за исхрана, туку и како средство за лечење на многу болести како бронхитис, алергија,за јакнење на имунитетот, лечење на белите дробови…
Тоа соджи витамин Б1, Б2, Б6 и Б12 па со тоа го јакне и нервниот систем.
Поради сетоа ова својство, тоа би требало да ги примами и оние кои не го скааат многу неговиот мирис.
Козјото млеко има карактеристичен вкус и мирис поради слободните масни киселини.
Но со правилната обработка на млекото, масните киселини остануваат врзани во глицеридите,што значајно го смалува карактеристичниот вкус.
Лековитост на козјото млеко
Козјото млеко изобилува со калциум и фосфор кои се важни за цврстината на коските, цинк и селен, силни антиоксиданси кои го одржаваат имунитетот.
Шпанските научници го препорачуваат козјото млеко на луѓето кои страдаат од анемија предизвикана од недостиг на железо во крвта, бидејќи тоа го поттикнува искористувањето на железото во организмот и обновата на хемоглобинот, крвниот пигмент кој содржи железо.
Козјото млеко е корисно да се консумира бидејќи има одредени терапевски вредности:
-Лечи бронхитис
-Алергија
-Го зајакнува имунолошкиот систем
-Го намалува ризикот од рак на белите дробови
-Добро е за дијабетичари
Со оглед на тоа дека козите ја јадат кората на билките, нивното млеко е богато со силициум, а тоа е минирал кој позитивно влијае на кожата, косата, ноктите и нервниот систем.
Во себе содржи многу протеини богати со есенцијални аминокиселини,широка палета на витамини и нема тешко сварливи масти.
Не само што е полесно за варење од кравјото млеко, туку и козјото млеко содржи помалку лактоза…
Кај децата кои се хранети со козјо млеко забележан е побрз раст,поголема телесна маса и подобра минерализација на коските во однос на децата хрането со кравјо млеко.