КОИ СЕ ПОСЛЕДИЦИТЕ И ПОВОЛНОСТИТЕ ОД КАФЕТО?

Еве што сѐ може да ви направи кафето…
Навиката на пиење кафе претставува вистинско задоволство за сите уживатели во овој вкусен напиток.
Но, иако кафето ве расонува, ве концентрира, ве расположува и има многу други магични предности, сепак, има и свои негативни страни.
Токму тие „лоши ефекти“ зависат од количината на кафе што ја консумирате во текот на денот.
Еве како бројот на шолјите кафе можат да влијаат на вас.
1 Филџан на ден
Предности: Една шоља дневно го регулира крвниот притисок и има позитивен ефект врз крвните садови. Тоа е шоља полна со одличен антиоксиданс кој ја поттикнува мозочната активност.
Мани: Ова е доволно да ви го наруши спиењето. Потребни се 8 часа за кофеинот да излезе од телото. Затоа уживајте во кафето како утрински ритуал, но избегнувајте го во вечерните часови.
2 Филџани на ден
Предности: Оваа количина е одлична превенција против Алцхајмеровата болест, односно, од оваа количина расте протеинот во мозокот кој влијае на губењето на меморијата. Ќе ви даде голема доза на енергија.
Мани: Во бременоста оваа е преголема количина на кофеин, што може да предизвика спонтан абортус.
3 Филџани на ден
Предности: Оваа количина спречува настанување рак на јајниците.
Мани: Но, оваа количина го зголемува ризикот од срцев удар.
4 Филџани на ден
Предности: Во 4 шољи кафе има околу 400 милиграми кофеин и е многу силен антиоксиданс кој го чисти организмот и помага во борбата против различните видови на тумор, рак и дијабетес.
Мани: Оваа голема количина може да доведе до ревматоиден артритис и да предизвика нервоза и анксиозност.