Колку шеќер навистина му е потребен на организмот?

Тврдењето на стручњаците е дека шеќерот е најраспространет и на тој начин е една од најсмртоносните дроги, статистички гледано навистина имаат цврста основа бидејќи бројот на луѓето со дијабетес, но и растот на луѓе со огромна дебелината во светот, буквално укажува на тоа дека се работи за исклучително сериозен проблем кој премногу лесно се сваќа.
Шеќер или поточно рафинираниот шеќер или сахароза е најраспространета намирница која носи речиси празни калории без хранлива вредност.
Во исто време шеќерите ги нарекуваме и сложени, оние кои потекнуваат од овошје, зеленчук и цели семиња а кои се богати со растителни влакна и тие обично се корисни и храналиви намирници.
Со внес на шеќер во организмот, се зголемува нивото на шеќер во крвта, што доведува до лачење на инсулин, премногу високо ниво на инсулин во крвта доведува до нарушувања на апетитот влијае на хормонот лепин, и главно формира масни наслаги во телото.
Во ситуации кога ви треба брз извор на енергија, тогаш сложените шеќери на овошјето се за најдобар избор, бидејќи покрај простите шеќери, тие содржат и други хранливи состојки, кои заедно му ја враќаат силата на организмот.
Кога ќе се одлучите за попаметен начин на исхрана и да се елиминираат простите шеќери од менито, поголемиот дел од луѓето паѓаат во истата замка, мислејќи дека рафинираните шеќери се наоѓаат само во слатките.
Вистината е дека се наоѓаат во слатките, но и во пецивата, и во млечните, па дури и месните производи, така што според проценката 74 проценти од преработена храна содржи прости шеќери.