КОМБИНИРАНИ ВЕЖБИ – ИДЕАЛНИ ЗА СОВРШЕНО ТЕЛО

После напорниот и стресен ден, јогата е идеална активност за потполно опуштање бидејќи придонесува за флексибилност на телото.
Но, ако сакате да ослабете и да ги затегнете вашите мускули, овој вид на рекреација не може да ви помогне без дополнителни вежби.
Во зависност од тоа што сакате да го постигнете, идеално би било јогата да ја практикувате два пати неделно по одприлика еден час, а барем еднаш неделно да практикувате други спортови во времетраење од еден час.
Пливањето во комбинација со јога вежби е идеално за постепено слабеење.
Ако сакате да се ослободите од вишокот на килограми, неопходно е да се определите за спортска активност која активира поголема група на мускули и троши многу калории.
Па дали постои нешто поефикасно од пливањето? Ако поминете одприлика еден час пливајќи, ќе согорете дури 840 калории.
Кога правилно дишете и изведувате одрдени положби во јога, на тој начин секако ги зајакнувате абдоминалните мускули.
Но, ако сакате максимално да ги затегнете, би требало почесто да возите ролери.
Покра тоа што возењето на ролери е забавно, оваа физичка активност ќе ве принуди за да ја одржите вашата рамнотежа, силно да ги затегнете сите мускули околу стомакот за да ја зачувате правилната положба на телото и да останете стабилни на тркалца.