Која е причината за формирање на стрии на телото?

Со проблемот на стрии се среќаваат поголемиот дел од жените и помал дел од мажите.
Целосно никогаш не може да се решиме од нив, но можеме да ја спречиме нивната појава и да се намали нивниот број ако веќе ги имаме.
Стриите- се издолжени, неколку милиметри широки, различно долги како линии на кожата, настануваат поради истегнување на структурата на влакната на колагенот и еластинот во подлабоките слоеви на кожата, чија функција е да и помогне на кожата да ја задржи формата.
Кога средниот слој на кожата (дермисот) одеднаш се растегне, или за време на бременоста, или поради зголемување на мускулната маса, ненадејни промени во телесната тежина или во адолесценцијата поради хормонални нарушувања, доаѓа до намалување на еластичноста на кожата и до кинење на еластичните влакна.
Резултат се грозени линии на кожата на телото – стрии.
Во зависност од природната боја на вашата кожа, стриите прво се појавуваат како црвеникави, црвеникаво-кафеави или темно кафеави линии кои дури подоцна добиваат виолетова боја.
Со текот на времето, овие линии се израмнуваат со површината на кожата и попримаат неколку нијанси посветла боја од природниот тон на вашата кожа.
Постепено стануваат помалку забележливи, но никогаш не исчезнуваат.
Тие може да се појават било каде на телото каде што кожата се протегнува, а најчесто во областите каде што тие се складирани маснотии тоа се стомакот, градите, горниот дел на рацете, колковите и задникот.
Превенција
Кога стриите еднаш ќе се појават, никогаш сосема не може да исчезнат.
Важно е да се најде начин да ги направите помалку видливи, па затоа порано треба да почнете да ги третирате стриите со различни производи. Додека сеуште се црвени или црвеникаво-кафеава боја, толку се поголеми шансите да ги неутрализирате.
Откако линии се усогласат со површината на кожата и почнуват да бледнеат, стануваат помалку видливи, но исто така е потешко да се третираат.
Иако постои теорија дека за појавата на стрии влијае наследниот фактор за еластичност на кожата, постојат превентивни мерки кои може да ги преземете за да се спречи нивното настанување или да се ублажи нивниот интензитет:
1. Масирајте ја кожата со ракавица или масажана четка за да се зголеми циркулацијата.
2. Секојдневно нанесете хидратантна крема на критичните области со цел да ја одржувате кожата еластична.
3. Јадете храна која придонесува за здравјето на вашата кожа, богата со витамини Е и Ц, цинк и силициум.
Лекување
Во раните фази на стриите може да се минимизираат со хидратантен крем. Масла со Витамин Е кои што помагаат во општата состојба на кожата и овие масла може да ја намалат појавата на стрии.
Витаминот А исто така добро ја омекнува кожата, но не е толку ефикасен како третиноин или ретин -А, кои и помагаат на кожата да создаде нови здрави клетки.
Кремите се ефикасни во хидратацијата на надворешниот слој на кожата, но не секогаш може да навлезат подлабоко во кожата каде се јавуваат стриите.
Исто така не може да ги променат веќе постоечките оштетувања на кожата, но тие одлично делуваат на стрии што се во настанок. Може да ви помогне и масло од ружа или лосиони кои содржат овошни киселини (АХА).
Овие киселини помагаат во регенерација на клетките на кожата односно горување на надворешниот слој од кожата и оние внатрешните здравите клетки доаѓа до површината на тој начин се подобрува текстурата и бојата на кожата и ја прави поапсорбирачка на хранливите материи од креми и лосиони кои и ја враќаат еластичноста.
По неколку недели од третман AХА, стриите стануваат помалку видливи, а кожата пофлексибилна.
Ласерски третман
Една можност за отстранување на стриите е ласерска терапија, која е ефикасена само ако стриите се сеуште млади, или во фаза на формирање.
Сепак, дури ни овој третман за отстранување на стрии до крај не ги лечи може само да ги избледи. Ласерот реагира само на потемните стрии, кога се темно црвена или кафена боја, тогаш ласерот ќе биде најефикасен.
За видливи резултати, потребна е серија од најмалку десет третмани.
Во борбата против стриите достапни ви се и разни апарати кои работат на ниво на колаген – го распределуваат и и ја враќаат бојата на кожата и ја подобруваат текстурата на кожата, стриите стануваат помалку нагласени, а кожата поубава.
Во исто време,ги отстранува токсините од телото и наталожената вода. Сето ова заедно делува да стриите станат помалку видливи.
Бременост
Меѓу 75 и 90 отсто од жените стриите ги добиваат во текот на бременоста.
Тие се појавуваат во втората половина на бременоста (шестиот и седмиот месец), како силни црвени линии, најчесто во долниот дел на стомакот, но исто така се можни и во другите делови на стомакот, градите, задникот и колковите …
Настануваат како резултат од растегнување на кожата, иако пукањето на кожата не е болно, може да предизвика иритација и чешање.
Како мерка на претпазливост за идните мајки се препорачуваат специјални креми и лосиони против стрии.
Kristina Petar liked this on Facebook.
Orce Serafimovski liked this on Facebook.
Dijana Miovska liked this on Facebook.