Која е улогата на витамините?

Многу луѓе користат витамини за да им помогнат во борбата против болестите или да ја зголеми нивната енергија. Но, што навистина може да се очекува од витаминските додатоци?
Индустријата за додатоци во исхраната е во пораст, речиси постојано со децении.
Се што е поврзано со здравјето меѓу другото подразбира земање витамини и минерали.
Дури и оние луѓе што немаат практично интерес за исхраната, вежбањето или за општата здравствена состојба може да се фатат земајќи мултивитамини апчиња секое утро, во обид да се избегне болест, зајакне имунитетот, итн.
Но, ефикасноста на ваквите лекови е далеку од загарантирана. Па што можеме да очекуваме од витаминските додатоци?
НАДОМЕСТ ЗА ЛОШИТЕ ИЗБОРИ
За жал, начинот на исхрана на просечниот човек веќе не е толку добар како што некогаш беше – и затоа не може да ја обвиниме само прехранбената индустрија, постојат и други фактори за кои ќе дискутираме во овој текст.
Поентата е дека западниот свет го зголеми произвотството на обработено месо, рафинирани зрна, како и големи количини на шеќер и сол.
Не само што ова доведе до енормно дебелеење туку и нарушување на здравјето кај луѓето, но тоа не значи дека и кога луѓето се на диета не доаѓа во влошување на здраствената состојба со исклучок на поединци кои користат храна богата со хранливи состојки и квалитетни суплементи.
Ниту едни витамински додатоци не можат да ја заменат разновидната исхрана, која се состои од зеленчук, овошје, риба и месо, но витамините можат да помогнат за подобрување на целокупната ваша здраствена состојба.
Овие додатоци ќе ја подобрат вашата здрава исхрана и ќе обезбат доволно витамини и минерали во комбинација со здравата исхрана која ја конзумирате.
НАДОМЕСТ ЗА НИСКО КВАЛИТЕТНА ХРАНА
Современите методи не се фокусирани на производство на храна која е здрава. Фокусирани се на произвотство на додатоци во исхраната кои во зависност од производителот се квалитетни или неквалитетни.
Здравата храна која ја консумираме содржи ниско ниво на хранливи материи, пред се поради почвата на која се одгледува, потоа начинот, поднебјето итн.
Додека суплементите кои фабрички се произведени доколку се направени од квалитетни состојки и ги произведува брендирана фирма се далеку поквалитетни.
Уште еднаш, витаминските додатоци може да се конзумираат со цел да се зајакне нашата исхрана и да се дуплира внесот на витамини и минерали.
ДА СЕ ПРИМЕНИ АКТИВЕН НАЧИН НА ЖИВОТ
Дури и ако сите хранливи бази се покриени, некои фитнес ентузијасти земаат витамини и со цел да ја подобрат својата здраствена состојба и интензивниот режим на тренирање.
Вежбањето може да ја зголеми вашата потреба за одредени супстанции, како што и телото треба да го надгради мускулното ткиво.
Соодветната доза на витамини и минерали може да помогне да го обезбедите вашето тело да закрепне од вежбање брзо и ефикасно.
Ова е особено важно во случај на кардиоваскуларни вежби, и се докажа како корисно за имунолошкиот систем.
КОИ ВИТАМИНИ ДА ГИ УПОТРЕБУВАМЕ?
Витаминските додатоци се одлична опција да се употребуваат, нормално доколку се тестирани.
Ова значи дека доколку производителот избере неговите производи да бидат тестирани од страна на трети лица, нема да постои гаранција дека наведените состојки се всушност присутни во производот.
Обидете се да одберете витамини и минерали односно суплементи кои се тестирани од страна на реномирано тело или се произведени од страна на бренд.