Која е улогата на глутаминот во телото?

Човечкото тело за протеинска синтеза користи 20 амино киселини, 9 се сметаaт за есенцијални зашто организамот не може сам да ги произведе и затоа користи извори однадвор (храна,суплементи). Глутаминот е еден од 11 те-есенцијални амино киселини што телото не може да ги произведе.
Сепак, некои научници го сметаат дека е “условно” есенцијална амино киселина. Причината за ова е фактот што телото на одредени болести и состојби сепак не произведува доволни количини на глутамин и во овој случај нивните потреби треба да бидат исполнети од страна на надворешни извори.
Истражувањата покажаа дека концентрацијата на глутаминот во телото значително се намалува кога организмот е изложен на поголем стрес, на пример, по операција, изгореници, гладување, постојана инфекција дури и по физичката активност со висок интензитет.
Поголемиот дел на глутаминот се произведува и складира во скелетните мускули. Диететските извори на глутамин се речиси сите видови на протеини кои ги консумираме. Во составот со амино киселинскиот состав на протеини ,глутаминот обично учествува со 4 – 8%.
Глутаминот има повеќе улоги во организмот. Докажано е дека глутаминот е клучот за правилно функционирање на дигестивниот, имунолошкиот и мускулниот систем бидејќи делува како еден вид на гориво за ќелиите, особено за оние кои брзо се делат : ентероцити, колоноцити, лимфоцити и фибробласти.
Кога е потребно телото може да го конвертира глутаминот во шеќер, со што ќе ја добие потребната енергија. Глутаминот учествува во синтезата на други амино киселини, како глутатионот- јак интрацелуларен антиоксиданс.
Улогата на на глутаминот во здравјето на дигестивниот систем
Бројните студии покажале дека глутаминот е клучна компонента за одржување на здрава слузница, глутаминот понекогаш се нарекува ” Фактор за цревна пропустливост”. Тенкото црево е “најголемиот потрошувач” на глутамин.
Ентероцитите (епителните клетки на тенкото црево) го користат на глутаминот како основно гориво за метаболичките функции.
Се верува дека недостатокот на глутаминот доведува до губење на интегритетот на епителните клетки што може да резултира со повисока продуктивност за различни отрови и инфективни честички.
Голем број на студии во кои ја разгледуваат врската помеѓу глутаминот и гастроинтестиналниот систем се обидуваат да ја покажат оправданоста за додавање на глутаминот кон ентерална и парентерална формула (формули кои служат како храна за пациенти во критична состојба).
Некои студии покажале дека додавањето на глутаминот во овие формули, го поправил оштетувањето на слузницата на дигестивниот систем, но улогата на глутаминот во гастроинтестиналните заболувања се уште е неистражена.
Улогата на на глутаминот во здравјето на имунолошкиот систем
Глутаминот игра многу важна улога во системот со кој нашето тело се бори против разни инфекции. Многу клетки на имунолошкиот систем, како што се лимфоцити и макрофаги, го користат глутаминот како извор на енергија во еднаква количина ако не и поголема како што ја користат гликозата.
Бројни студии покажале дека глутаминот влијае на закрепнување од инфекција или да ја намалува кај пациенти во критична состојба. Корисните ефекти на глутаминот се покажаа, на пример кај пациенти подложени на хемотерапија или трансплантација на коскена срцевина, кај луѓето со ослабен имунолошки систем.
Снабдување на глутамин во телото е од исклучително значење за спортистите. Првенствено затоа што глутаминот штити од можни инфекции кога телото е изложено поради стрес, а потоа и да го задржи интегритетот на мускулите. Според резултатите од една студија, нивото на глутамин во телото се зголемува во текот на вежбање, но кај продолжени и напорни тренинзи нивото паѓа.
Се претпоставува дека ниското ниво на глутаминот во телото на спортистите кои напорно тренираат може да биде причина за нивните зголемени ризици од инфекција.
Истражувачите покажаа дека глутаминот учествува во регулацијата на бројни метаболички процеси во скелетните мускули, и се претпоставува дека суплементацијата на глутаминот може да помогне во одржување на мускулната маса.
Кога организмот е изложен на силен стрес, како на пример напорни и долготрајни тренинзи, и кога нивото на глутаминот е ниска, телото потребата за глутамин ја црпи од мускулите поради што го нарушува нивниот интегритет.
Поради тоа, се смета дека суплементацијата на глутаминот може да го спречи губитокот на мускулна маса, згора на тоа, може да ја зголеми синтезата на протеини во организмот.
Дозирање
Според некои студии, глутаминот додаден во ентерални и парентерални препарати може да помогне во заздравување на пациенти во критична состојба. Препорачаната дневна доза на глутаминот кој се дава кај пациенти, како дел од парентерални раствори е 12-25 грама, во зависност од состојбата на пациентот.
Иако не постојат конкретни препораки за суплементација на глутаминот кај спортистите, дневните дози кои се споменуваат изнесуваат 1,5 до 4,5 грама, во зависност од интензитетот на активноста.