Кој протеин да го одбереме?

Во изминатите десет години пазарот на додатоци во исхраната исклучително се прошири.
Некогаш, суплементацијата се поврзуваше исклучиво со спортистите, но денес многу рекреативци вметнаа во својата исхрана одредени додатоци со цел да ги надоместат хранливите материи што не ги внеле преку секојдневнета исхрана.
Еден од најважните и најпознатите суплементи секако, се протеините.
Токму протеините се тие кои се составен дел од нашата секојдневна исхрана, и чија количина мора да се зголемува ако сакаме зголемување на мускулната маса.
Поради оваа причина, спортистите и активните луѓе ги внесуваат протеините во форма на додатоци, бидејќи преку класичната исхрана не успеваат да внесат доволна количина на протеини.
Пазарот со спортски додатоци е преполн со различни протеински производи.
Она што се издвојува како предност на овој вид на протеини е едноставната подготовка и квалитетниот состав (протеините се богати со минерали, витамини, аминокиселини, и мал процент на масти).
Друга предност на протеинот во прав е брзата апсорпција.
Според составот, протеините најчесто се произведуваат од сурутка (whey протеин), јајца, млеко и соја.
Токму Веј (Whey) протеинот е најзастапен и најкористен протеин на пазарот.
Според чистината (процентот на протеин) и брзината на апсорпција, разликуваме:
1. Хидроизолат
2. Изолат
3. Концентрат
Хидролизат спаѓа во највисоката класа на протеини, и тој вообичаено содржинад 90% на протеини во неговиот состав.
Изолатот и концентратот се помалку чисти протеини, и вообичаено во нивната содржина процентот на протеин е околу 80%.
Протеинот од сурутка се препорачува наутро, но можеби и поважен е и веднаш после тренингот кога телото изморено и му треба брз извор на аминокиселини.
Брзината на апсорпција помеѓу различните веј протеини зависи од составот на самиот протеин, односно од должината на синџирите на аминокиселините во рамките на тој протеин.
Најкраткиот синџири имаат хидролизатите па изолатите и на крајот се концентратите.
Предноста на концентратот е тоа што содржи поголем процент на фактори за раст, како што се ИГФ-1, TGF-алфа и TGF-бета.
Исто така, содржи и голем број на различни био-активни липиди, како што е коњугираната линолна киселина (CLA), а често и повисоко ниво на имуноглобулини и лактоферин.
Во хидролизатот, протеините во текот на производството се одвоени на пептиди со различни должини, и нивната чистота е повисока отколку во другите видови на протеини.
Токму поради лесното разградување на овие пептиди протеини најбрзо се апсорбираат во организмот, па тие се најбрзо дејствувачки протеини на пазарот.