КРАТОК ТРЕНИНГ ЗА ПОБРЗ МЕТАБОЛИЗАМ

Иако звучи неверојатно, овој вид на краткотраен тренинг може да го придвижи вашиот метаболизам и да ви помогне да се ослободите од вишокот на килограми.
За овој тренинг ви се потребни само пет минути!
На овој начин ќе ги согорете калориите, ќе ги зајакнете мускулите и ќе ја подобрите кондицијата.
Она што е особено приблечно кај овој тренинг е дека не ви треба никаква дополнителна опрема.
Тренингот се состои од повторување на вежбите колку што е можно повеќе во временски интервал од 60 секунди.
Склекови
Доволно е оваа вежба да ја повторувате триесет секунди.
Дланките поставете ги во ширина со рамената и потпрете се со ножните прсти на подлогата.
Спуштајте се и подигајте се. Ова ќе ги зајакне вашиот грб и вашите раце.
Исчекор
Направете колку што е можно повеќе повторувања за една минута.
Ова е дефинитивно најдобрата вежба за вашиот задник и бутови, a може да придонесе за зајакнување и на стомачните мускули.
Држете го грбот исправен, а со едната нога исчекорете кон напред, додека другата ја држите испружена позади.
Клекнувања (сквотови)
Направете колку што е можно повеќе сквотови во рок од една минута.
Половината држете ја исправена и нозете нека бидат во ширина со колковите.
Додека ја правите оваа вежба, колената не треба да ги преминуваат прстите на нозете.
Скок – склек
Ова е совршена кардио вежба.
Направете колку што е можно повеќе повторувања за една минута.
Додека ги ширите нозете кон страна, рацете собирајте ги над главата.
Оваа вежба ќе ве принуди навистина добро да се препотите.