КРЕВАЊЕ НА ВРАТИЛО (ЗГИБОВИ) ПРЕД ГЛАВА (WIDE-GRIP PULL-UP)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Грбните мускули (горниот дел).
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена и бицепс.
Кога се изведува оваа вежба? – Во првичната фаза од тренингот на грб.
Оваа вежба е во суштина многу слична со влечење на лат машина со таа разлика што обезбедува отпор со сопствената тежина.
Со натфат (прстите од горе поставени) се фаќате за вратилото или за шипката со зафат од околу 80 см.
Целосно испружете ги лактите така што вашето тело целосно ќе виси слободно.
Колената благо свиткани наназад. Се држите со рацете за вратилото (шипката) се додека не го допрете горниот дел од градите. Во оваа положба истегнете се и затегнете го грбот.
Бавно се спуштате до стартната позиција.
Оваа вежба е доста тешка бидејќи се изведува со сопствената телесна тежина и почетниците најверојатно нема да бидат во можност да направат поголем број на повторувања а напредните вежбачи ако дополнително сакаат да го зголемат интензитетот на вежбава може да обесат тежини на појас околу половината.
Многу веројатно дека нема да бидете во можност да направите ниту еден вистински згиб! Но, не грижете се поради тоа! Се во свое време 🙂