КРЕВАЊЕ НА ТРУПОТ НА КОСА КЛУПА (SIT-UP)

Мускули кои примарно делуваат во изведувањето на оваа вежба: Сите категории на стомачни мускули
Мускули кои секундарно делуваат во изведувањето на оваа вежба: квадрицепси, колкови
Заземете положба на коса клупа како што е прикажано на сликата. Стапалата сместете ги под држачот за нозе.
Во почетна положба на торзото ви е вертикално поставено на косата клупата. Полека спуштајте го торзото надолу, се додека не стане паралелно со подот.
Врати се во почетната позиција со виткање во половината.
Рацете може да ги држите споени зад долниот дел на грбот, да ги прекрстите во предниот дел на градите или ги држите зад вашата глава.
Меѓутоа како што вашите раце ја менуваат положбата од долниот дел на грбот преку градите до задниот дел на главата, така се зголемува отпорот за време на вежбата а најголем е кога ги вкрстувате раце зад главата.
При вршење на вежбата не треба да се спушта торзото подолу од позицијата во која торзото е паралелно со подот, бидејќи тогаш напонот се префрла од стомачните мускули на долниот дел на грбот.
Отпорноста односно тежината на изведување на вежбата може да се регулира така да се зголеми или намали косината на клупата.
Што е наклонот поголем вежбата станува потешко.