Лечење од прехранбени пореметувања

Како кај сите болести така и при овие пореметувања важи правилото – што порано се побара помош толку пократко ќе трае закрепнувањето и помали ќе бидат компликациите.
Прехранбените пореметувања се прогресивни заболувања, слични на зависноста, која може да биде фатална, а некои компликации како резултат на болеста можат подолго време да останат незабележани.
На секое лице при лечењето се пристапува индивидуално, а поради комплексните биосоцијални аспекти на болеста важно е да се вклучи интердисциплинарен тим составен од доктори, нутриционисти, психолози и специјалисти за диети кое ќе препорачаат третмани и ќе го надгледуваат лекувањето.
Што се однесува до делот на нормализација на исхраната, првична цел е зголемување на телесната тежина на пациентите за 0,5-1 кг неделно ако се лекува надвор од болницата, и 1-2 кг неделно ако се хоспитализирани и модификација на стекнатите навики во исхраната.
На почетокот обично се препишува 1200 – 1400 калории на ден, сом тоа што при зголемена физичка активност потребна е дополнителна енергија.
Внесувањето на енергија се зголемува постепено до 100-200 калории, и при тоа протеините треба да обезбедат 15-20% од вкупниот дневно количество на енергија, јаглените хидрати 50-55% и 25-30% масти.
Дневно треба да се обезбеди минимум од 0,8 g протеини / kg телесна тежина, а со цел за превенција и третман на запек постојано да се консумираат нерастворливи растителни влакна.
Внесувањето на маснотии треба да се поттикнува постепено, а при тоа, особено важно е да се осигура внесувањето на есенцијални масни киселини.
Суплементација
Лицата со прехранбени нарушувања кои значително ќе го намалат внесот на храна, се изложени на ризик од голем број на нутритивни недостатоци.
Најчесто се јавува недостаток на протеини, калциум, цинк, железо, витамин Б2, Б3 и Б6, фолна киселина, витамини А и Ц и есенцијални масни киселини
Квалитетен мултивитаминско-минерална припрема со висок удел на Б комплекс можат да бидат од помош при третирање на анорексијата, со што би се надокнадиле недостатоците настанати со недоволна и неурамнотежена исхрана.
Често се препорачува високи дози на микронутриенти, со оглед дека преминот низ гастроинтестиналниот систем е изразено брз, со слаба асимилација.
Недостатокот од цинк е често забележан кај голем број заболени од анорексија и булимија. Интересно е дека општиот недостаток од цинк се манифестира со намалување на апетитот, вкусот и мирисот, а слични симптоми се јавуваат и при анорексија и булимија.
При суплементација на цинкот треба да имаме на ум дека овој минерал се натпреварува за апсорпција со останатите минерали, а особено со бакар, железо, калциум и магнезиум.
Затоа при надоместување на цинкот треба да се препише и земање на останатите минерали во точно избалансиран сооднос.
Констипација или долготраен запек е честа појава кај анорексијата, затоа во исхраната треба да вклучиме храна богата со влакна и доволна количина на течности, а понекогаш се препишуваат и пробиотици.
Kaj заболените од анорексија се јавува и анемија која се лечи со додавање на препарати богати со железо, меѓутоа поради честата појава на запек потребно е да се внимава на формата на железото бидејќи и тоа може да допринесе до влошување на запекот.
Серотонин, хормонот кој го регулира внесувањето на храната, апетитот и расположението, се синтетизира во мозокот од аминокиселината л-триптофан. Некои прелиминарни податоци укажуваат на ниско ниво на серотонин и триптофан кај лица со пореметувања во исхраната.
Се претпоставува дека со додавање на триптофан би можело да се зголеми нивото на серотонин, и на тој начин да се подобри менталната состојба при што ќе влијае на внесувањето храна, но сепак не постојат доволно докази на поставката.
Доколку не се лекуваат, пореметувањата на исхраната можат да имаат катастрофални последици и на менталното и на телесното здрвје. Меѓутоа, ако помошта се побара на време, овие пореметувања може успешнбо да се излечат со целосно закрепнување.