Липа – природен лек за смирување

Липата е листопадно дрво со широка круна, висока 25 метри и обично цвета во јуни.
Во голем број на нации липата се користи како лек за многу здравствени проблеми.
Според легендата, зраците на сонцето се во цветот на липата па откако ќе го испиете чајот, топлината на сонцето влегува во вашето тело.
Липата е најдобар борец против стрес.
Како треба да се собира и да се чува липата?
Липата треба да се бере веднаш штом ќе почне да цвета. Прецветаната липа нема вредност. Се разбира, треба да се собира во добри временски услови.
Цветот има благ и пријатен мирис. Најдобро е цветовите да се сушат на таван, каде што е суво, но важно е да има светлината.
Делување на липата
Се користи против настинки, грип, проблеми со дишните патишта, треска ублажување на кашлањето, против грчеви и за смирување.
Чаеви се најдобрите природни лекови кои секојдневно се употребуваат. Липата исто така се користи за козметички препарати.
Од античките времиња, цвеќиња се користат за опуштање на нервниот систем. Конзумирањето не е ограничено, па може да го пијат и децата.
Чајот од липа влијае на потењето, па затоа се препорачува за намалување на температурата.
Кафе или чај од липа?
Кафе се консумира секој ден. Ако пиете многу кафе во текот на денот, обидете се да го замените со чај од липа и ќе почувствувате разликата.
Не е здраво да пиете големи количини на кафе, особено ако не внесувате доволно течности во телото.
Ако не водите сметка за тоа може да има последици, особено на бубрезите.
Не заборавај те дека секој ден кога ќе станете од кревет да се напиете една чаша вода.
Подготовка на чај од липа
Соодветна подготовка значи дека две лажички суви цвет се прелеваат со една чаша врела вода и оставете го да отстои 5-10 минути.
Кога ќе го исцедите, чајот може да се пие. Кој редовно пие чај од липа помешан со лажичка мед не треба да се плаши од воспаление на белите дробови или грип.
Чекајте го јуни, кога повторно ќе процветаат и потоа спремете резерви за зима. Единствен “недостаток” на чајот е ако прекумерно го пиете може да доведе до проблеми со срцето.
Може да се пие секој ден, но не во количини како вода за пиење. Слободно можете шолји кафе да ги замените со една чаша чај од липа!
Стресот е секојдневна појава, но ако сакате, можете да го додадете чајот од липа во вашата бања.
Овој чај ќе ве релаксира. Познато е дека жените за време на менопаузата го пијат чајот од липа, бидејќи ја намалува анксиозноста и го подобрува спиењето.