МАЖИ! ВЕЖБИ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ ВО КРЕВЕТ!

Општо е познато дека вежбањето ја подобрува состојбата на здравјето и на духот. Но дали знаевете дека посетата на теретана може да ги подобри сексуалните способности?
Вежбањето три пати неделно, може да ви подобри флексибилноста, должината на траењето на односот па дури и техниката на водење љубов. Кои се најдобрите вежби за вас? Еве овие пет:
Подигање тегови
Зголемувањето на силата на вашето тело, би бил првиот совет на лекарите, за да си го подобрите сексуалниот живот. Работата во теретаната го зголемува нивотото на тестостеронот кои е главен покренувач на нагонот кај мажите.
Некои истражувања го поврзуваат краткото интензивно вежбање, како што е подигањето тегови, клекнувања, склекови и вежби за стомачните мускули се најважните фактори за секс затоа што со овие вежби јакнат деловите на телото кои најмногу се напрегаат при полниот чин.
Кегелови вежби
Ова се вероватно најдобри вежби за подобрување на перформансите во креветот. Тие ги јакнат мускулите со кои го контролирате истекувањето течењето на уринот при мокрењето.
Во прва прилика кога одите во тоалет, прекинитете го млазот на уринот и така ќе ги изолирате овие мускули.
Кога добро ќе ги зајакнете, ќе бидете во можност да ја прекинтете ејакулацијата пред самиот оргазам.
Значи, прекинувајте го мокрењето секогаш кога одите во WC. Во текот на едно мокрење барем три пати прекинете го млазот на урината. Овие вежби се добри затоа што можете да ги работите било каде и било кога.
Не мора тоа секогаш да биде во тоалет. Сега кога знаете како да ги изолирате овие мускули, стегнувајте ги и отпуштајте ги додека возите, седите, јадете, гледате ТВ и сл.
Јога
Класика. Ако сакате да го зачините сексуалниот живот со нови пози, почнете со јога.
Брзо одење
Во едно истражување спроведено над 31000 мажи на возраст над 50 години, истражувачите од Харвард откриле дека Аеробните вежби го намалуваат ризикот од ерективна дисфункција за дури 30 проценти.
Движењето на чист воздух го подобрува крвотокот и ги одржува крвните жили по чисти. Резултат од тоа –по долги и по цврсти ерекции. Трчањето, брзото одење и пешачењето можат и да ве опуштат.
Пливање
Во друго истражување кое го релизирале стручњаците од Харвард со повеќе од 160 пливачи со возраст од над 60 години старост се покажало дека нивниот сексуален живот е споредлив со оној кои го имаат луѓето кои се во четирисетите години.
Пливајте минимално половина час три пати неделно и ќе почнете да ги губите килограмите а за сексот и дане зборуваме, подобрувањето многу брзо ќе стане очигледно.
Обидете се да ги работите барем некои од овие вежби (најдобро сите ). Вашата техника ќе се унапреди, еластичноста ќе се зголеми и вашата партнерка брзо ќе ја согледа промената. Поред тоа ќе имате и тело во добра форма и одлично здравје.