Мало училиште за “POWER YOGA”

Power yoga е најатлетска форма на јога од сите видови на јога бидејќи со вежбањето се постигнува комплетен тренингот (дух, тело и дишење), отколку во било кој фитнес.
Кога некој со 46 години сеуште се смета за најсекси личност во светот, кога на нејзиниот бицепс може да и завидуваат и 20 годишни девојки, кога на сцената има толку многу енергија и концентрација, а во работата толку многу се фокусира и има непогрешлив инстинкт тогаш зборуваме за Мадона, и мора да се запрашаме како таа го прави тоа?.
Сè постигна со предано вежбање на овој тип на јога.
Всушност, станува збор за Ashtanga Vinyasa Јога, еден вид на јога која потекнува од пред 2000 години, и која во 40-тите години на минатиот век почна да ја подучува Pattabhi Jois на Ashtanga Јога Институтот во Мисоре, во јужниот дел на Индија, а популарно име доби “power yoga” кога почна да се практикува во фитнес-центарите.
Ова е најатлетски од сите форми на јога бидејќи со вежбањето се постигнува комплетен тренинг (дух, телото и дишењето), отколку во било кој фитнес.
Големта анкета, спроведена во САД, покажува дека нивото на перформансите на оние кои практикуваат Power yoga е истото со ниво на издржливост на маратонците!
Со одличен тонус на мускулите, флексибилност и мобилност, и благодарение на мастерингот на координација на дишење и движење, ја подобрува концентрацијата, постигнува смирување и го елиминира нашиот денешен најголем непријател – стресот.
Благодети за здравјето
Јогата помага многу повеќе отколку што мислите: според новото истражување од Јеил, кај луѓето кои најмалку три пати неделно практикуваат јога и техники на медитација им паѓа крвниот притисок, се забавува работата на срцето и значајно се намалува ризикот од срцеви заболувања.
Јогата и медитацијата се препорачуваат во секој период од животот и може да ја практикуваат речиси сите (под контрола дури и на луѓе со остеопороза), а за срцевите пациенти е апсолутно безбедна.