Маслинките – чувари на вашето здравје!

Ова растение е познато како лек. Црна и зелена – маслинката се употребува во сите светски кујни како додаток во исхраната, салата и зачин.
Маслиновото масло е познато по својата улога во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања.
Ако е можно, заменете го масло кое го употребувате со маслиново масло.
Маслиново масло ја помага работата на црниот дроб и цревата, а стомакот добро го поднесува.
Пред обилен ручек, каснете неколку маслинки, но без претерување бидејќи се калорични.
Денес во светот постојат повеќе од 50 видови на маслиново дрво кое се одгледува низ целиот свет поради производството на масло.
Плодот на маслинката е богат со протеини, витамини А, Д, К и Е, масни киселини.
Маслинката нуди различни вкусови. Таа може да се јаде во сите годишни времиња. Позната е комбинација на маслинка со домат и пиперка.
Јадете ги без ништо или како салата подготвени во сад со вашите омилени состојки.
Маслинките имаат многу позитивен ефект врз телото.
Засега се знае дека материите кои се наоѓаат во маслинките поволно делуваат врз следните проблеми и прашања:
• Акни
• Болести на крвните садови
• Бронхитис
• Гастритис
• Главоболка
• Исцрпеност и замор
• Кандида
• Проблеми со варење на храната
• Вирусни инфекции
• Запек
• ПМС
• Зголемено ниво на холестерол
• Го регулира крвниот притисок
• Регулирање на прекумерна тежина
• Го регулира варењето на храната
• Ревматизам
• Симптоми на менопауза
• Рани и мозолчиња
Купите крекери, ниско масно сирење, маслинки и чепкалки за заби и направете си вкусна закуска. Маслинките може да се комбинираат на многу начини.
Ако немате време за да си спремите салата, каснете неколку маслинки со редовниот оброк, ќе му пријаат на вашиот стомак.