Механизми кои го регулираат апетитот

Запознајте го регулаторниот механизам и некои негови компоненти преку кои организмот го контролира внесувањето на калории, па следниот пат помудро изберете диета.
Денес кога дебелината се смета за глобален проблем, истражувањата за механизмите кои го контролираат апетитот ги среќаваме во наслови на популарни но и научни списанија.
Што е уште поважно, резултатите од истражувањата и откритијата до кои се доаѓа, отвараат можност за развој на високо-квалитетни лекови за губење на тежината.
Нашиот организам има регулаторен механизам со кој го контролира внесувањето на калории, а до сега научниците успеале да идентификуваат неколку компоненти на овој механизам.
Меѓунив се и хормоните инсулин и лептин, грелин и PYY3-36. Ако се запознаете со нив можеби следниот пат малку помудро ќе го изберете начинот на слабеење.
Инсулин
Инсулинот е хормон кој се излачува од клетките на панкреасот и го регулира метаболизмот на шеќерот.
При процесот на варење јаглехидратите се расчленуваат на шеќери, а протеините во нивните помали компоненти – амино киселини.
Веднаш по јадењето, нивото на глукозата во крвта расте и сигнализира ослободување на инсулин кој влегува во крвотокот. Инсулин и овозможува на гликозата да навлезе во телесните клетки.
Инсулинот, заедно со други хормони одредува дали хранливите материи ќе бидат претворени во енергија или ќе бидат складирани во клетките.
Инсулинската резистенција (неможноста да се користи инсулинот) се поврзува подеднакво со дијабетес и дебелина.
Лептин
Лептинот е хормон кој го излачуваат клетките на масното ткиво. Откриен е 1994 год и тогаш се верувало дека ќе стане делотворен лек за слабеење.
Пронајдена е врска помеѓу нивото на лептин во крвта и количината на масното ткиво; што повеќе масно ткивои има некој, тоа му е повисоко нивото на лептин во крвта.
Нивото на лептин во крвотокот претставува своевидна информација која му кажува на мозокот дали организмот е сит или гладен.
Порастот на нивото на лептин сигнализира дека организмот е сит, и го супримира апетитот, додека падот на неговото ниво му сигнализира на мозокот дека организмот е гладен и стимулира апетит.
Кај дебелите луѓе, организмот заради мутација не им произведува лептин и нивниот мозок се однесува како да прима информација дека организмот е постојано гладен бидејќи нема лептин кој би го супресирал апетитот.
Студија извршена во списанието “The New England Journal of Medicine” од 1999 известува дека дневно инјектирање на лептин води кон намалување на апетитот и губење на тлесната маса.
Истражувачите проучувале 9-годишно девојче чиј организам поради генетичка мутација не бил во состојба да произведува лептин. Пред почетокот на студијата девојчето тежело 94 кг.
Конвенционалните методи на лекување не дале резултат. Година дена откако на девојчето секојдневно и било инјектирано лептин, тоа изгубило 16 килограми, воглавно масно ткиво.
Лептинот може да ја зголеми резистентноста на организмот кон инсулинот.
Веројатно е дека лептинот и инсулинот влијаат на осетливоста на мозокот кон сигналите за ситост кој ги праќа организмот.
Доколку внесеме доволно храна, нивото на овие хормони расте олеснувајќи му на мозокот да ги препознае сигналите кои кажуваат дека ни е доволна храната.
Доколку пак лицето е неисхрането, нискиот степен на овие хормони има спротивен ефект.
За жал овој систем е поделотворн кога не чува од губење на телесна тежина отколку од добивање т.е. дебелеење.
Некои сметаат дека резултат на ваквото однесување на организмот веројатно има врска со нашето егзистенцијално минато кога гладот можел да дојде ненадејно.
Во такви услови за живот, лицата кои добивале на телесна маса биле единствените способни да преживеат.
Хормон за глад или Леноморелин
Хормонот леноморелин е откриен неодамна, а според резултатите од истражувањето игра важна улога во регулирање на апетитот.
Леноморелин е хормон кој го поттикнува апетитот и се излачува во желудникот. Нивото на леноморелин во крвта се зголемува неколку часа пред секој оброк, и го достигнува својот врв во моментот пред да јадеме.
Откако ќе јадеме, нивото на леноморелин опаѓа. Улогата на леноморелинот за апетитот дури неодамна беше разјаснета.
За разлика од лептинот кој делува како долгорочен модулатор на апетит, леноморелинот делува во краток рок и влијае на секојдневното чувство на глад пред оброк.
Со други зборови, лицата кои настојуваат да ја намалат својата телесна тежина на начин да се воздржуваат од храна по пат на “брзи” диети, се борат против повратен механозам кој станува се посилен како лицето слабее.
И на крајот диетата резултира со неуспех.
Во една студија, истражувачите ги споредиле нивоата на хормонот за глад кај 13 дебели мажи и жени кои настојувале да изгубат килограми со помош на драстични диети и кај 10 лица со нормална телесна тежина.
Кај обете групи, нивотот на овој хормон се покачило пред оброк и опаднало после оброкот. Како што слабееле лицата кои употребувале строги диети, нивото на леноморелинот дневно се покачувала за 24 %.
Покачувањето на хормонот на глад го зголемувал апетитот особено за храна богата со шеќер и маснотии.
Овој механизам е виновник поради што лицата кои биле на строги диети за слабеење не само што ги враќаат килограмите туку често ја зголемуваат својата телесна тежина за 10 % откако ќе прекинат со диетата.
PYY3-36
Хормонот PYY3-36 бил откриен во август 2002 година. Го излачуваат од клетките на дигестивниот систем, а неговото ниво се крева по оброкот и е пропорционално на калориската вредност на оброците.
Зголемувањето на нивото на хормонот PYY3-36 е информација на мозокот дека телото веќе не е гладно.
Резултатите од студија објавена во 8-то издание на британското списание Nature од август 2002 година, покажале дека луѓето јадат околу една третина помалку од вообичаената дневна доза кога ќе им се вбризга овој хормон.
Во експериментот, 12 гладни волонтери биле инјектирани или со солена вода или со иста количина од хормонот PYY3-36.
Групата на која им се вбризгувал хормонот консумирале 33% помалку храна, и искажале намалено чувство за глад за 40% дури и 12 часа после вбризгувањето – во однос на лицата на кои им бил инјектиран солен раствор.
Според истражувачите, механизмот треба да функционира добро, кога бројот на внесени калории е еднаков со бројот на согорените калории.
Сепак, постојат безброј примери дека тоа не е секогаш така, а вината треба да се бара кај некои психолошки фактори бидејќи освен биолошките механизми кои го регулираат апетитот, постојат и психички кои не треба да ги занемариме.
Понекогаш тие можат да бидат доминантни.
На пример, кога ќе седнеме на маса за да јадеме, ретко го правиме тоа бидејќи нашиот шеќер во крвта е низок, или поради тоа што нивото на одредени хормони се намалила или зголемила, туку често го правиме тоа затоа што ни треба пауза меѓу две работни задачи, или само дека е соодветно време за оброк.
Тука голема улога игра и навиката за јадење, секој ден, во одредено време.
Без обѕир на тоа дали се гладни или не, некои луѓе никогаш нема да го прескокнат оброкот во 14 или во 19 часот, бидејќи во тоа време секој ден ручаат или вечераат.
Достапноста на атрактивна храна, големината и разновидноста на оброкот на пример, не поттикнува да јадеме и откако веќе сме ги задоволиле потребите на организмот.
Ако земеме во предвид дека механизмите на телото реагираат при драстично намалување на внесените калории, како и на длабоко вкоренетите навики за јадење, тогаш не е чудно дека обидите за губење на телесната тежина често завршуваат со неуспех.