Млекото и бодибилдингот – одат ли заедно ?

Иако е 90 % вода, млекото има важна улога во животот уште од нашата најрана возраст. Првиот пијалок кој сме го испиле било млекото, првата храна од која сме пораснале била млекото.
Самите почетоци на бодибилдингот се тесно поврзани со млекото како важна алка во исхраната покрај месото и јајцата.
Еден од најевтините протеински пијалоци и денес сеуште е незаменлив во спортската исхрана, но можеби е малку потценет и потиснат на страна после големиот бум на протеинските препарати.
Млеко со 1,5 % масти содржи во едно литро до 37 грама протеин, 15 грама маснотии и 48 грама јаглехидрати и околу 400 калории.
Протеинот во млекото е една третина whey а останатото е казеин, кои се двата најквалитетни протеини и чии молекули најдобро поминуваат низ ѕидовите на клетките на мускулните влакна, а имаат најдобар ланец на аминокиселини, што значи максимална искористливост.
Најдобро од се е што за тоа треба да издвоиме највеќе 50 денари, кој протеински препарат може да се споредува со тоа ?
Ако пиеме 2-3 литра млеко на ден, ќе задоволиме голем дел на дневните потреби за протеин ( 1,5 – 3 грама по кг телесна тежина), а исто така ќе внесеме и доволно течности т.е. вода која игра најважна улога во животот на секој човек, а особено кај спортистите.
Млекото содржи и потребни витамини (А, D, Е) и минерали како нпр. калциум чија улога во градењето и одржувањето на цврстината на коските на сите ни е позната.
Освен тоа, калциумот има важна улога во градењето на нашиот имунитет, намалување на последици на алергии, релаксација и опуштање на мускулите.
Да не го заборавиме нити лактоферинот, мал пептид кој е исто така важен во јакнењето на имунитетот ( го содржи и мајчиното млеко), дури некои студии укажуваат дека ја редуцира појавата на рак и има важна функција во дигестивниот тракт, а познат е и како антиоксиданс.
Голема чаша млеко пред спиење е познато средство за мирен сон, а наутро за добар почеток на денот. Затоа да не пропуштиме да го искористиме големиот подарок од природата МЛЕКОТО.