МУЛТИ – СМУТИ ОД ОРЕВ

Мммм кој може да одолее на вакво смути?
Еве едно смути во фит верзија!
Ќе уживате без грижа на совест додека правите нешто добро за вашето тело – треба нешто друго да се додаде?
Уживајте!
Состојки:
-100 мл млеко по ваш избор
-200 мл јогурт по ваш избор
-1 јаболко
-1/2 банана
-10 гр мелени ореви
-2 гр цимет
– 5 гр ѓумбир во прав
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер додека не добиете густа смеса. Можете да додадете и неколку коцки мраз по желба!
Ова смути можете да го конзумирате како замена за ужинка во текот на денот.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 219 kалории
Протеини: 19 гр
Масти: 7,2 гр
Јаглехидрати: 26 гр