Мулти смути против вишокот килограми

Ова е природен рецепт за радикално чистење на цревата, против вишокот килограми и лек за кандида.
Подготовка:
1/2 кг свежи моркови
1/2 кг свежо цвекло
50 гр суви кајсии
50 гр суво грозје
2 гр мед
Зеленчукот ситно исецкајте го и ставете го во неоштетено емајлирано тенџере. Потоа прелијте го со жешка превриена вода така што водата да биде два прста над зеленчукот.
Потоа додадете по една рака сецкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го тенџерето на оган и почекајте водата да проврие. Веднаш потоа тргнете го тенџерето од оган.
Додадете во течноста една лажица мед и оставете го тенџерето да отстои 12 часа на ладно место. После тоа течноста процедете ја и пијте по половина чаша, три пати дневно.
Чистењето на цревата со помош на овој рецепт трае месец дена, при што течноста треба да ја чувате во фрижидер.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 63,9 kалории
Протеини: 18 гр
Масти: 0,2 гр
Јаглехидрати: 10,5 гр.