Наградите за Мистер Олимпија рекордни милион долари !

Наградниот фонд за натпреварот за најдобар бодибилдер во светот Мистер Олимпија со години расте така да достигна речиси бројка од еден милион долари.
Ова информација е избезумувачка бидејќи износот е зачудувачки знаејќи дека на првиот натпревар Мистер Олимпија, кон крајот на 60-тите години биле доделени скромни $ 1,000.
Она што е финалето во Лигата на шампионите во фудбал или Супер Боул во американскиот фудбал, тоа е Мистер Олимпија за професионалните бодибилдери а колку овој спорт во последниве десет години има напредок, можеби најдобро го отсликува скокот во наградниот фонд.
Бодибилдерите вложуваат многу за да го достигнат нивото за да може да се натпреваруваат на Мистер Олимпија. Во последните 48 години на турнирот само 13 бодибилдери успеаа да ја освојат титулата за најдобар.
За толку мал број на шампиони придонесоа најмногу легендите на бодибилдингот кои со години доминираа на светската сцена.
Рони Колман и Ли Хани со по осум титули и Арнолд Шварценегер со седум.
Рони Колман – 8 кратен шампион на Мистер Олимпија
Претстојниот Мистер Олимпија ќе се одржи на 15-ти до 18-ти Септември во Лас Вегас, Невада, награда базен од $ 1.000.000 ќе бидат распределени на следниот начин:
Mr. Olympia: $ 675,000
212 Olympia Showdown: $ 65,000
Ms. Olympia: $ 60,000
Fitness Olympia: $ 60,000
Figure Olympia: $ 60,000
Bikini Olympia: $ 40,000
Men’s Physique Olympia Showdown: $ 20,000
Women’s Physique Olympia Showdown: $ 20,000.
Фил Хит (во средина) петкратен шампион на Мистер Олимпија и Мистер Олимпија за 2015 година