Намирници за жешките летни денови

Летото е дел од годината кое е богато со овошје и зеленчук, и дел од годината, што може да се искористи за да внесете што посвежи намирници со кои ќе го подобрите здравјето.
Еве неколку наши препораки:
– Јадете свежо овошје, зеленчук и житарките, избегнувај те тесто и масни сосови.
– Пијте вода пред да се чувствувате жедни, избегнувај те многу студени и газирани пијалаци.
– Ограничете внес на цврсти масти – до 10% на ден.
– Јадете повеќе риба.
– Намалете го внесот на месо, не претерувајте со протеинска исхрана и многу слатка храна.
– Распоредете го дневниот внес на храна на 5-6 помали оброци.
– Изберете овошје и зеленчук богато со витамин Ц, како што се нектарини, цреши, малини, пченка која сега може да се најде на пазарите.
– Доматите се многу популарна храна богата со ликопен и други фитохемикалии кои го намалуваат ризикот од рак на простата. Тие се богати со витамин Ц и калиум, па користете ги за салата или гарнир сендвичи.
– Сливите се исто така добар извор на витамин Ц, а обезбедуваат и основни антиоксиданси и тоа повеќе од било кое друго овошје.
– Еден грејпфрут дневно го намалува ЛДЛ холестерол и триглицеридите.
За топ изглед во тек на летото ќе ви помогнат следниве согорувачи на масти:
• грејпфрут, лимон, ананас
• вишни
• круши
• кајсии
• овошни јогурти
• обрано млеко и јогурт 1-1,15% маснотии
• грашок
• ситен грав
• леќа
• интегрални тестенини
Со почетокот на летната сезона започнува и скарата. Научниците тврдат дека месо печено на скара содржи најмалку две канцерогени материи.
Сепак не треба од се да се откажете, постојат начини на подготовка на скара со кои се намалуваат неговите можните за несакани ефекти.
Црвеното месо треба да се исчисти од масти. Пилешкото и црвеното месо треба најмалку половина час пред печење да се држи во маринада, со што подлабоките слоеви на месото останува сочни а се намалува количината на канцерогени материи.
Затемнетите места на месото треба да се истругаат.
Во тек на топлите денови пијте повеќе вода
Водата е главна хемиска компонента на нашето тело, 60% од нашето тело е направено од вода.
Неопходен е за метаболизмот на пр. ги испира отровите од виталните органи, ги пренесува хранливи материи до клетките, ја одржува телесната температура стабилна и ги “подмачкува” зглобовите.
Жешките летни денови ја зголемуваат веројатноста за појава на дехидрација, што може да доведе до болести поврзани со висока температура.
Дури и многу слаб степен на дехидратација создава чувство на исцрпеност.
Високите температури поврзани со ниска влажност може да предизвикаат дехидрација, но сите проблеми може да ги спречите ако со вас каде и да одите си носите шише вода.
Луѓето реагираат на чувството на жед или кога веќе ќе почувствуваат жед веке се во делумна дехидратација.
Во текот на жешките летни денови треба да се пие течност независно од чувството на жед.
Особено чувствителни на високи температури и дехидрација се децата и постарите лица.
Експертите препорачуваат дека активностите кои се вршат надвор од куќата во текот на топли денови, или да се преместат во раните утрински часови или доцна попладне или вечер, со редовна употреба на очила за сонце.
Ако не може да ги избегнете активностите надвор од затворени простории преземете мерки на претпазливост, како што се: пијте вода пред даизлезете од дома, носете шише вода со вас, понесете со вас овошје и зеленчук, бидејќи тоа е исто така добар извор на течности.
Но, според некои истражувачи не треба да се претерува со внесување на течности, бидејќи преку потта се губи солта од организмот.
Според нив треба да пиете точно толку вода колку што ви бара телото, па не важат препоракитете дека на сите им се препорачува да пијат вода преку лето 3-5 литри.
Освен соодветната лесна исхрана, во текот на траењето на летните горештини, би било пожелно да внесувате и разни витамински додатоци и освежителни пијалоци како што се алгите, кокосова вода, сок од морков, нискокалорични сирупи, комбуха, боза и слично.