Направете си своја домашна BB крема

Во вашиот несесер сигурно секогаш имате течна пудра, хидратантен крем и лосион за сончање.
Ако е така тогаш немате потреба да купувате BB крем. Направете си сами и со вашите омилени состојки.
BB кремот е одличен производ кој е дел од модерната козметика. Таа му дава на лицето свеж и природен тен, ја штити од штетните сончеви зраци и ја хидрира вашата кожа.
BB кремата ги содржи сите предности на пудрата, навлажнувачки крем и млеко што содржи заштитен фактор.
Кога веќе ги знаете основните состојки на ББ кремата, веројатновреди и сами да се да си направите ваква крема, бидејќи со оглед на нејзината цена, ова е дефинитивно вистинско решение за сите нас.
Состојки:
– Хидратантен крем за лице
– Течен пудер или крем пудер
– Лосион или млеко за тело со заштитен фактор
Подготовка:
Во празна кутија од потрошена крема или било кој друг чист сад ставете една лажица млеко со заштитен фактор, лажица хидратантна крема и лажица течна пудра.
Сето ова добро промешајте го додека не добиете изедначена смеса.
Ако сакате кремата да ви биде повеќе пигментирана, тогаш логично е да додадете малку повеќе пудра во прав.
Исто така, ако сметате дека е премногу светла за вашиот тен, ставете малку руменило во прав и измешајте добро додека бојатане се изедначи.
Вашата крема можете да ја направите по нашиот рецепт, само напред 🙂