Научниците заклучиле дека и 6 часа спиење е доволно !

Се чини дека секое ново истражувања и новооткриени заклучоци на научниците им го менуваат мислењето за вечното прашање: колку часа спиење е доволно за оптимално функционирање на човечкиот организам?
Прво се мислеше дека под 8 часа на ден спиење не е доволно.
Подоцна поради новите истражувања, како идеален интервал беше поставеното време од 7-8 часа. За да за брзо време научниците од Универзитетот во Калифорнија дојдоа до откритие дека 6 часа е доволно спиење за здраво функционирање на телото.
За разлика од претходните истражувања, оваа група на научници од Калифорнија направија комплетен пресврт, истражувајќи ги античкиот навики за спиење, со барајќи информации меѓу традиционалните племиња кои живеат надвор од модерното општество и чиј начин на живот е доста сличен на нашите претци кои живееле во пештери.
Стигнаа до Намибија и до племето Сан, Танзанија -Хаџ народот и Боливија и Tсиман-ловците. Тоа што го заклучиле ги поттикнало на размислување.
Всушност сите луѓе кои живеат на овој начин, без струја и никаков контакт со технологијата, која обично го расипува сонот и ги намалува часовите одвоени за одмор. Овие племиња спијат во просек нешто повеќе од 6 часа или поточно 6 часа и 25 минути.
Тие не одат на спиење веднаш по заоѓање на сонцето, остануваат будни во просек 3 часа и 20 минути.
Од особен интерес се податоците дека овие луѓе, исто како и нашите предци, доста ретко дремат во текот на денот, дури и не занаат како изгледа несоница!
Препорачаните 8 часа спиење, во многу случаи предизвика проблеми за луѓето од целиот свет поради преостро разбирање на овие совети, на што потсетува и самиот лидер на истражувањето Ганди Јетиш :
“Тоа во голема мера влијае на човечкото разбирање за важноста на спиењето, и многумина посегнуваат по апчиња затоа што мислат дека во денешно време помалку се спие, поради достапноста на електрична енергија, ТВ, интернет …”.