Најдолгите нозе на светот

Жените отсекогаш сакале да имаат што подолги нозе.
Часови и часови вежбале во фитнес центрите за нозете да им изгледаат потенки, визуелно ги продолжувале со високи потпетици, а мажите секогаш паѓале на кратки здолништа и долги нозе.
Но, дали знаете кој е горд сопственик на најдолгите нозе во светот?
Русинката Светлана Панкратова со должина на нозете од 131 см и официјално го држи рекордот за најдолги нозе во светот.
Панкратова е инаку кошаркарка и висока e дури 221 см. Taa не е највисоката жена во светот, со оглед дека горниот дел од нејзиното телото е релативно во нормална големина.
Со толку долги нозе, природно е дека Панкратова има и големи стапала, нејзините 221 см ги балансира со чевли големина број 46.