НЕКОЛКУ НАМИРНИЦИ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Во борбата со целулитот најважна е здравата и правилна исхрана богата со салати.
И покрај тоа што е невозможно да погрешите со изборот на зеленчук, сепак постојат 3 плодови кои двојно побрзо ќе го уништат целулитот под кожата.
Брокула
Овој зеленчук е одличен борец против целулитот од 3 причини. Прво, содржи киселина која помага против стврднувањето на колагенот.
Второ, претставува концентриран извор на витамин Ц и диетални влакна.
За крај, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е одличен борец против целулитот.
Сладок компир
Ова е еден од најстарите, најхранливи и најздрави зеленчуци. Содржи калиум, витамин Ц и Е, како и бета каротен.
Одличен антиосиданс е, па ја подобрува циркулацијата и ги елиминира токсините – а тоа се двете најважни работи кои ќе ве ослободат од целулитот.
Бриселско зелје
Овие мали топчиња слободно може да ги сметате за „таблети“ против целулитот.
Освен витаминот Ц, ова зелје содржи супстанци кои ги исфрлаат штетните материи од телото, а воедно и го враќа квалитетот на колагенот, заради што кожата е поеластична и поздрава.
И не заборавајте, овие зеленчуци се најздрави варени на пареа. Само така ќе ги сочувате максималните здравствени вредности.