НЕКОЛКУ ОПЦИИ ЗА КЕФИР ДИЕТА

Кефир диетата е една од најпопуларните диети за брзо слабеење. Која е тајната на нејзината популарност ?
Пред се, причината е кефирот: еден од најкорисните млечни производи кој се користи како превентива но и за терапевтски цели.
Правиот, домашен кефир има смирувачки ефект на циркулацијата и нервниот систем.
Тој е богат со витамини и минерали, помага да се воспостави работата на цревата, го лечи телото и ја подмладува кожата, ја подобрува состојбата на косата и ноктите.
Покрај тоа,и схраната која се темели на користењето на кефирот помага полесно да се намалат вишокот на килограми!
Уште една посебна предност на кефирот е ниската содржина на јаглехидрати.
Повеќето експерти се сложуваат дека најчеста причина за вишокот на тежина е претераниот внес на јаглехидрати. Значи, ако јадете кефир сте го решиле и овој проблем.
Кефир диета
Постојат многу верзии на кефир диетата.
Сите се темелат на секојдневниот внес на кефир, но се разликуваат во бројот на додатни намирници и времето на траење.С екако и по бројот на килограми кои ќе ги намалите.
Долните диети се „тестирани“ со домашен кефир (неспоредливо подобар од купечкиот).
Зимска кефир диета
Диетата е предвидена за 3 дена и не повеќе од тоа.
Тежината која може да ја намалите со оваа диета зависи од индивидуалните карактеристики на организмот, а обично е околу 2 кг.
Појадок:
– Предлог 1: Кајгана од две јајца, салата од помала краставица, кафе со лажичка млеко.
– Предлог 2: Гриз/палента и кисело млеко.
– Предлог 3: Јајце, 1 тост со путер, чај со мед.
Ужина: 3 дцл домашен кефир
Ручек:
– Предлог 1: Пилешка супа, варен морков и бело пилешко месо(100 гр),салата од цвекло и парче леб.
– Предлог 2: Чорба од печурки, компир манџа (до 3 дцл) и салата од свежа зелка.
Ужина: 3 дцл домашен кефир.
Вечера:
– Предлог 1: Грилувана риба (150 гр),зелена салата и растителен чај.,
– Предлог 2: Поголем компир,чај со мед.
Кефир – овошна диета – одлична кратка детокс диета
Дневно треба да се пијат 1,5 – 2 литри кефир од обрано млеко и да се јаде овошје и зеленчук (може да биде и лесно термички обработено) во доволни количини за да се задоволи гладта. Со оваа диета, може да намлите 2- 3 кг за три дена.
Кефир – јаболко диета – тешка диета за подготовка на организмот за нова сезона
Кефир – јаболко диетата трае 7 дена. Во текот на оваа диета се менуваат денови со кефир и јаболка.
Може да испиете 1,5 литри кефир или да изедете 1,5 кг јаболка дневно. Ова е прилично строга диета и не е препорачлива во зимскиот период туку при преоѓање од една сезона во друга….
На пример пролет-лето или лето-есен. Намалувањето на килограми е значително: и до 6 кг за 7 дена.
Кефир Моно – диета
Кефир моно диетата е многу тешка но истовремено и многу ефикасна диета.
Оваа диета со кефир се применува три дена, во текот на кои брзо може да намалите 3 – 4 кг.
Во текот на оваа диета треба секојдневно да пиете 1 – 1,5 литри свеж домашен кефир со намалена масленост, без додатен шеќер, и тоа 5 – 6 пати дневно: Интервалите помеѓу конзумирањето на кефир би требало да бидат исти.
Напомена:
Домашниот кефир кој вие сами би го направиле, има неспоредливо подобри својства од купечкиот.