НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА ДА НЕ ГО ПРЕСКОКНУВАТЕ ПОЈАДОКОТ!

Дали редовно појадувате? Многу луѓе сметаат дека наутро се премногу зафатени за да појадуваат.
Од друга страна, повеќе од половина тврдат дека не се доволно гладни и дека немаат апетит наутро.
Оние кои не јадат наутро можат да си направат повеќе штета отколку корист кога е здравјето и физичкиот изглед во прашање.
Студиите покажале дека постојат неколку многу важни причини зошто е важен појадокот.
Без оглед на тоа колку сте зафатени, па дури и ако не сте гладни, морате да изедете нешто.
Еве седум совети зошто треба да појадувате секое утро, и зошто сите лекари го потенцираат појадокот како најважен оброк.
Појадокот ја регулира тежината
Ако сакате да ги изгубите вишокот килограми или да ги одржите неодамна изгубените килограми, појадокот е од клучно значење.
Јадете малку, скромен појадок ќе ви помогне да не почувствувате глад во текот не целиот ден.
Кога сте веќе во добра форма, мора да знаете дека храната го одржува системот во вашиот организам, а мала е веројатноста повторно да ги вратите несаканите килограми.
Ве снабдува со витамини и хранливи материи во тек на цел ден
Многу луѓе кои го прескокнуваат појадокот не ги надохнадуваат потребните хранливи материи кои ги пропуштиле со прескокнувањето на оброкот.
Спречува прејадување во текот на денот
Ако наутро јадете, ќе бидете помалку гладни во текот на денот.
Ова е особено важно за оние кои внимаваат на тежината и сакаат да го подобрат здравјето.
Оние кои појадуваат имаат помали шанси да се прејадат, а прејадувањето во текот на денот доведува до дебелеење.
Појадокот ви дава енергија
Ако го прескокнете појадокот наутро, во суштина вашиот организам работи на пареа. Што значи тоа?
Сите хранливи материи кои ги внесувате наутро во организмот ќе ви помогнат подобро да размислувате на работа или на училиште.
Ако не појадувате наутро, вашиот организам страда. На вашите мускули им треба гликоген, како извор на енергија, во спротивно без внесување хранливи состојки вие ја трошите целата енергија.
А последица на тоа е омалаксаност, исцрпеност и недостаток на концентрација.
Луѓето кои појадуваат се поздрави
Некои луѓе се во заблуда и сметаат дека ако го прескокнат појадокот ќе внесуваат помалку храна во текот на денот.
Ова е сосема погрешно. Кога наутро јадете разумен и здрав оброк, вие всушност го регулирате нивото на шеќер во крвта.
Во спротивно, ќе забележите дека ќе огладните многу брзо во текот на денот, бидејќи вашиот желудник е константно празен.
Ги јакне менталните способности
Секој сака да биде внимателен во текот на денот, а одредени намирници за појадок го поттикнуваат мозокот подобро да работи, со што ви ја зголемува концентрацијата и свеста.
Добар е за здравјето
Појадокот претставува добар начин на живот и добар пример за вашето семејство. Ова е особено важно ако имате семејство кое ќе се угледа на вас.
Со сѐ поголемиот број здравствени проблеми, вие бидете позитивен и здрав пример за вашите деца.
Започнете здрав живот и исхрана и не го прескокнувајте најважниот оброк во денот: појадокот 🙂