НЕКОЛКУ СОВЕТИ ЗА НЕГА, ХИГЕНА И ЗДРАВЈЕ НА ЗАБИТЕ

Забите се расипуваат поради многу причини еве неколку од нив:
● Недостаток од растворливи витамини во мастите (главно витамини А и Д);
● Исхрана во која што доминира преработена храна;
● Хормонски дисбаланс;
● Недоволно минерали во исхраната;
● Исхрана богата со фитинска киселина (во поголемиот дел од житарките, јатките и мешунките).
Фитинската киселина може да се неутрализира ако житарките, јатките и оревите преку ноќ се потопат во вода, во која што е додадена лажица оцет или лимонов сок.
Ако спаѓате во групата луѓе кои што не сакаат да одат на стоматолог или едноставно сакате да се поштедите од стоматолошките трошоци, постојат некои нешта кои што сепак може и сами да ги направите, а кои можат и значајно да го подобрат вашето орално здравје.
Покрај редовната хигиена и миење на забите и употребата на забен конец, постојат уште неколку начини да го излечите кариесот и значајно да го подобрите оралното здравје без помош од стоматолог.
Еве и уште неколку совети за вас:
● Уверете се дека јадете намирници богати со витамини А, Д, Е и К, како и тоа дека внесувате доволно калциум, фосфор, магнезиум и други клучни минерали.
● Јадете храна богата со влакна како би се зголемило производството на плунка во усната празнина која што служи како природна заштита за забите.
● Земајте додаток од витамин Д.
● Јадете сирење секојдневно бидејќи е богатo со калциум за да се заштитите од настанок на кариес.
● Испирајте ја усната празнина со кокосово масло 20 минути.
● Не консумирајте храна и пијалоци со рафинирани шеќери бидејќи можат да формираат наслаги.
● Користете минерална паста за заби. Има вкус на глина, но е многу подобра опција.
● Пијте минерални капки (10 капки, два пати дневно).
Која е причина за скапување на забите?
Пропаѓањето на забите е уште една порака која што ни ја испраќа нашето тело дека нешто сепак не е во рамнотежа.
Здравјето на забите се држи под контрола со правилна исхрана, а не со помош на флуориди.
Всушност, флуоридот не ги прави забите да бидат поцврсти, туку нашето здравје го доведува во опасност.
Во една недамнешна студија се вели дека флуоридот е додаден на листата на токсични хемикалии кои што влијаат врз животната средина и кои што придонесуваат за појава на многу болести, каков што е аутизмот и хиперкинетичкото пореметување (ADHD).
Флуоридот ѝ се придружи и на листата на која што се живата и арсенот. За жал водата со флуор дури и онаа флашираната и понатаму е честа појава, а флуоридите вообичаено премногу се додаваат во водата.
А веројатно и не е потребно да споменуваме дека флуоридот е дел и од многу детски пасти.
Неколку совети:
● Редовно користете антибактериска вода за испирање на устата. Ова може да ви помогне да ги убиете бактериите, да го отстраните забниот плак и да ги спречите болестите на устата.
● Исплакнете ја устата со топла вода после секоја ужинка или пијалок.
● Пијте зелен или црн чај за намалување на забниот камен и наталожените бактерии во усната празнина.
● После консумирањето на било кој кисел пијалок, измијте ги забите и темелно исплакнете ја устата со топла вода.
● Џвакајте гума за џвакање без шеќери за да го стимулирате производството на плунка и да направите вашите заби да се цврсти.
● Пијте доволно количество на вода во текот на денот. Водата не само што помага во расчистување на бактериите, туку е важна и за производство на плунка.
● Пијте сок од брусница редовно бидејќи ја подобрува оралната хигиена.