НЕКОЛКУ ФАКТИ ЗА КАФЕТО И КОФЕИНОТ

Иако повеќето од вас не можат да си го замислат своето утро без шолја кафе, колку од вас навистина сте запознаени со главната состојка на кафето – кофеинот?
Веројатно знаете дека кофеинот се наоѓа во кафето и во некои газирани пијалоци и дека има моќ да ја подигне вашата енергија.
Но, ширум светот се почесто се вршат детални истражувања за оваа состојка, а резултатите до кои дојдоа научниците може навистина да ве изненадат.
Позитивно делува врз помнењето
Ова важи и за краткорочното и за долгорочното помнење.
Многу студии кои се занимаваа токму со влијанието на кофеинот врз краткорочното помнење, неодамна докажаа дека тој влијае и на долги патеки.
Околу 300-400 милиграма кофеин дневно може да ве заштити од деменција, па дури и од Алцхајмерова болест, тврдат научници од Њујорк.
Меѓутоа, не е доволно само да се внесува преку кафето, туку неопходен е и сонот. За кофеинот да има ваков ефект потребно е редовно да спиете по осум часа.
Ги подобрува спортските перформанси
Ако внесете пијалок кој содржи кофеин отприлика еден час пред вежбање, тоа може да ги подобри перформансите на вежбањето.
Не само што вашите мускули ќе работат подобро, туку и вие помалку ќе се заморувате. Докажано е дека кофеинот ја намалува нашата перцепција за трудот.
Со други зборови, кофеинот може да доведе до тоа што за нешто може да се трудите многу повеќе, а за тоа да не сте ниту свесни. Ова е особено корисно ако вежбате во теретана.
Ефектот на кофеинот е моментален
Кофеинот влегува многу брзо во крвотокот, доаѓа до мозокот и го стимулира нервниот систем и тоа скоро моментално после консумацијата.
Тоа значи дека ќе се почувствувате повеќе будни веднаш откако ќе го испиете кафето, а ефектот ќе трае од 30 до 60 минути.
После тоа, неговото влијание започнува да опаѓа.
Различни кафиња имаат различна концентрација на кофеин
Тоа значи дека кафе во едно кафуле може да има повеќе кофеин од кафе во друго кафуле, дури и ако е во прашање истата верзија на кафе која има скоро ист вкус.
Генерално, во шолја кафе се содржат од 90 до 225 милиграма кофеин.
Еспресото има помалку кофеин од обичното црно кафе
Сите мислат дека еспресото, токму поради својот интензивен вкус, изобилува со кофеин.
Меѓутоа, вистината вели дека едно кратко еспресо има од 40 до 70 милиграма од оваа супстанција.
А тоа е значајно помалку од просечна шолја црно кафе, па дури и од инстант кафето.
Кофеинот не ве дехидрира
Ова е честа заблуда. Но, со оглед на тоа дека 98 отсто од кофеинот се внесува преку пијалоци, вие се хидрирате во исто време.
Па така, иако кофеинот претставува диуретик, не е вистина дека тој ќе направи да дехидрирате. Секако, тоа не значи дека со него треба да се претерува.
Кофеинот не се наоѓа само во пијалоците
Дали сте знаеле дека чоколадото е исто така богат извор на кофеин? Покрај чоколадото, тој се наоѓа и во друга храна како и во лековите.
Многу аналгетици ја содржат оваа супстанција, па најдобро би било да се консултирате со својот доктор пред да одлучите да се напиете кафетин и притоа имате проблеми со срцето.