Нешта кои сите потајно ги прават во салата за вежбање

Фитнес центарот или салата за вежбање како специфична институција, како и секоја друг има бон тон, правила на однесување кои треба да се следат од сите кои ќе се најдат помеѓу уредите за вежбање и другите луѓе кои имаат заедничка желба да го подобрат својот изглед, подобрување на кондицијата и на ненаметлив начин да ја исфрлат негативната енергија.
Сепак, човечката природа е таква што сите често прават некои тајно “забранети” нешта.
Гледање како некој врши одредена вежба
Фантастично изградени момци чија тајна на успехот треба да се копира за би и самите вие напредувале, обично е најчеста причината за набљудување од страна на друго лице.
Случаите во кои едно лице од спротивниот пол вежба е нешто што не треба премногу да се објаснува.
Проверување на формата во огледало и правење селфи фотографии
Напорно и смешно изглед, но во суштина сите кои напорно вежбаат, се трудат па времето, потта и парите ги инвестираат во своето тело, логично е дека сакаат да се види нивниот напредок и да се обележи со фотографија, сакале да го признаете тоа или не.
Земање поголем тег од потребното само да делуваме посилни од особата спроти нас
Интересно е колку е присутен натпреварувачкиот дух и помеѓу сериозните луѓе кои не сакаат да го признаат тоа.
Секој добро знае кога лично зел / зела поголем тег од идеалниот само за да даде впечаток на посилна особа отколку што е пред личноста која вежба на другата машина или уред.
Оставање траги од пот на уредот
Иако во големите фитнес центри таквото однесување се смета за екстремно некултурно, тешко дека пости лице кое по завршувањето на тренингот понекогаш уредот го остава валкан.
Зборување дека следниот оброк правилно ке го изберете, а всушност јадете лоша храна
На силното чувство на глад по тренингот, тешко е да се одолее кога има можност да се јаде храна од црната листа.
Сепак, ваквата храна најбрзо заситува иако таквиот избор обично значи пресврт на добрите ефекти по завршениот тренинг.
Комплетна окупација со гледање телевизија и заборавање на тренингот
Додека салата е крајно сериозно место касде треба да се извежба саат време, ТВ монтиран во предниот дел на машините за кардио за време на некои важни настани најмалку еднаш влијае лошо на тренингот па тренингот паѓа во втор план, телото се лади а редоследот на вежбите се заборава.
Гледање во екранот на уредот на лицето до нас споредувајќи ја брзината и времето на вежбање
Смешната страна на натпреварувачкиот дух е често присутна на кардио машините.
Најинтересен е дека сето ова се прави потајно, така што другата страна не би забележала дека се работи за натпревар.
Вложувањето минимален напор кога тренерот ќе рече да се движите со максимална сила
Недостаток на волја и концентрација, барем еднаш најмалку целосно ви го упропастило времето на тренинг и “млако” вежбање далеку од напорите кои водат кон прогрес.
Правите моменти за вакво нешто се тие во кои тренерот и останатите не обрнуваат внимание.